Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

19.12.2016, 13:48

Здравје и убавина

Пречекајте ја Новата година со стил

Секси домаќинка

Ако имате деца кои се уште премали за целоноќна журка, а баба-службата не работи годинава, организирајте необично испраќање на старата година во сопствениот дом, можеби со бројни пријатели. Но таквата домаќинка треба да биде свесна дека треба убаво да се дотера.

Бонтон: Кога Новата година ја чекате дома, тоа е идеална ситуација да покажете колку сте модно освестени. Во текот на вечерата можете да бидете и секси заводничка, но и насмеана домаќинка во новогодишна свилена пижама. Ако и вашето друштво е како вас, сите модни комбинации се дозволени, па и луди костимирани дочеци на Новата година.
Совет: Ова важи само за домаќинки. За да ви остане доволно време да го наместите, но и декорирате просторот во кој ќе ги пречекате гостите, поделете ја работата околу деликатесите за трпезата со пријателките - пречекот е ваш, но и тие мора да се докажат.

Дофатете го ѕвездениот сјај

Дочекот на Новата година во гламурозен хотел со пет ѕвездички е сон за многу трендсетерки, но и за презафатени менаџерки што во текот на работната година не стигнуваат да заблескаат како принцези. Ако чекате Нова година на такво гламурозно место, облечете сексапилна гардероба.
Бонтон: Повеќе отколку за сите други дочеци, за ваквиот важи правилото облеката нека биде гламурозна. Дури и ако температурата е далеку под нулата или надвор има снег до колена, во најлудата ноќ, а особено во хотел, нема место за чизми или за волнени џемпери и елеци.



И на планина шик

Скијање и дочек на Новата година во дрвена куќичка низ која се шири мирис на варено вино. Звучи примамливо, нели? Ако сте се определиле за ваков пречек, облечете удобна и слоевита облека, која ќе можете, според потребата (но и јачината на огнот во каминот), и да ја соблечете, а пак да останете доследни на својот моден стил.
Иако се работи за новогодишен дочек, не заборавајте дека сте во природа. Облеката мора да биде топла, место здолниште, одберете панталони, а единствениот моден императив нека ви бидат крзнени чизми.

Да танцуваме под ведро небо

Дочеците на градските плоштади се омилени кај тие што сакаат добра забава, но и танц и пеење до раните утрински часови. Без оглед на тоа дали сте одбрале дочек во некоја светска метропола или на плоштадот на градот во кој живеете, не заборавете облеката да ја приспособите на цела вечер под отворено небо.
Водете сметка и на облеката која ја носите под палтото. Нека биде доволно гламурозна за да бидете подготвени ако во текот на престојот на плоштадот, пријатели ве поканат на чашка шампањ или во последен момент решите забавата да ја продолжите на друго место.
На дочекот на Новата година на градски плоштад секогаш дојдете навреме, за да си обезбедите добро место, блиску до бината. Понесете во торбата чадор, заборавете ги пиротехничките средства, и уживајте во концертот на отворено.






Текстот е прочитан 1542 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Фотографиите од сексапилната албанска поп пејачка Ени Кочи уриваат рекорди на Интернет
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Варени јаболка со пудинг
Приготвување: јаболката измијте ги, излупете ги и ставете ги во половина л...
Site Meter