Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

06.07.2016, 11:35

ПО НЕВРЕМЕТО ВО САБОТАТА

Кружниот тек кај "Континентал" поплавен од душек во канализацијата

Екипите на Градот при интервенцијата по невремето при чистењето на шахтите најдоа креветски душек кој го блокираше протокот на атмосферските води и предизвика затнување на атмосферската канализација, велат од Град Скопје

По кој знае кој пат град Скопје во понеделникот апелираше до граѓаните да не ги користат шахтите за атмосферска канализација како контејнери и да не фрлаат во нив цврсти и неразградливи предмети. Апелот дојде откако по невремето во саботата кружниот тек кај хотелот "Континетал" за миг се се наполни со вода па сообраќајницата сосе подвозникот личеше на езеро иако градските власти со години инвестуираат во атмосферска канализација во овој дел.
"Екипите на Градот Скопје по силното невремето кое го зафати Скопје во саботата попладне на 2 јули, излегоа на терен и извршија повеќе интервенции за да ги санираат последиците од обилните врнежи, односно да се отстранат водите од подвозниците коишто го попречуваа нормалното одвивање на сообраќајот. Загрижува фактот што некој се обидува да го попречи функционирањето на канализацијата, бидејќи екипите на Градот при интервенцијата по невремето при чистењето на шахтите најдоа креветски душек кој го блокираше протокот на атмосферските води и предизвика затнување на атмосферската канализација и поплавување на кружниот тек", велат од Град Скопје.
Кружниот тек кај "Континентал" има традиција на поплавување. Откако беше изграден, за време на градоначалничкиот мандат на Трифун Костовски , кружниот тек се поплавуваше и при најмал дожд. Тоа ги натера градските власти да направат анализа која покажа дека имало технички недостатоци во изведбата на проектот па затоа на атмосферската канализација се интеревенираше по налог на градоначалникот Коце Трајановски за да се отстранат недостатоците. По поправките кружниот тек не се поплавуваше дури и при поголеми дождови, се до саботата кога со часови не беше возможно да се вози од водата која на места надминуваше и еден метар длабочина. (М.И.П.)


Текстот е прочитан 1946 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter