Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

21.01.2017, 17:37

Македонија не се пласираше во четвртфиналето на СП (Норвешка - Македонија 34-24)

Ракометната репрезентација на Македонија не успеа да се пласира во четвртфиналето на Светското првенство во Франција, откако попладнево во Албервил загуби од фаворизираната Норвешка со 34:24.

Црвено-жолтитее иако ослабени без Дејан Манасков и Филип Миркуловски имаа сили да одиграат добро само во прво полувреме во кое имаа и водство со 9:8. Скандинавците возвратија и на полувреме отидоа со водство од 12:10. Македонските ракометари можеа да имаат и поповолен резултат доколку реализираа барем дел од неколкуте одлични позиции. Три пати беше погодувана и рамката од голот.

Сепак, отсуството на двајцата од првиот тим значително се почувствува во вторите 30 минути. По една и пол минута во вториот дел беше 14:10. Неколкуте грешки во нападот им овозможија лесни голови на Норвежаните и високи осум голови предност во 43.минута, а девет минути подоцна за првпат и двоцифрена разлика (28:18) за рутинирано приведување на мечот кон крајот.

Кире Лазаров со шест голови беше најефикасен во нашата селекција, Стојанче Стоилов четири пати го совлада противничкиот голман. Кај Норвежаните Јондал и Сагосен имаа шест реализации.

Остана пропуштена можноста Македонија да го забележи најдобриот пласман на Светските првенства, но со самиот пласман во втората фаза првенствената цел беше исполнета.

Избраниците на Лино Червар шампионатот го завршија со две победи (Тунис и Ангола), еден нерешен резултат (Исланд) и три порази (Словенија, Шпанија и Норвешка).


Текстот е прочитан 1170 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

58-ми ден протести за иднината на Македонија (Фотогалерија)
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter