Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

04.03.2017, 18:22

„За заедничка Македонија“: Со музика против платформи од странски држави (Фото и Видео)

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во Скопје наместо од протестен марш своите ставови ги упати од музички хепенинг во паркот „Жена борец“.

ЗА ВИДЕОТО КЛИКНЕТЕ ТУКА

Од собирот во паркот, иницијаторите ги повторија пораките за сочувување на унитарноста на државата, за одржувањето на нејзиниот мултиетнички карактер, како и против воведување двојазичност на територијата на целата држава.

- Решивме за време на викендот да ја измениме формата на искажување на своите сатвови и да ги повториме уште еднаш нашите барања. Тоа е откажување од платформи изработени во странски држави, изработка на македонска платформа во Скопје која што ќе ги опфати интересите на сите граѓани на РМ и да потсетиме дека не смее да се усвојува владина програма која не би била изгласана на избори од страна на граѓаните. Денеска сме тука за да докажеме дека Заедничка Македонија не само што изгледа, како што видовме во изминатите пет дена, туку и звучи одлично и сме благодарни на одличниот одѕив на сите граѓани кои се тука и ќе бидат тука во наредните некоку часа, рече Богдан Илиевски од иницијативата „За заедничка Македонија“.

Тој истакна дека симболично оградата која што е поставена пред Собрнието ќе биде врзана со црвено-жолтата трака, која е белег на протестите што ги организира иницијативата.

- Таа веќе за нас не претставува ограда, туку претставува дел од нас, односно од денеска ние сме оградата пред Собранието, веќе нема да има ограда меѓу народот и парламентарците, рече Илиевски.

Одговарајќи на новинарско прашање Борис Дамовски изјави дека ја смета за тотално непочитување и изигрување на демократските одлуки најавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети оти ќе влезат во влада со СДСМ.

-.Таа платформа беше донесена после изборите. Нема што да се коментира. Тоа е неприфатлив начин, рече Дамовски.

Според Илиевски, секој ден по 100.000 граѓани на улиците покажуваат дека се согласуваат со нив и нивните ставовите против платформата, и најави дека ќе ги користат сите демократски начини за да се борат за нивните цели.


Текстот е прочитан 1124 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter