Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

30.12.2016, 13:26

Отворањето на Фудбалската Академија, најзначаен момент во 2016 година

Во оваа 2016 година која изминува, Вардар работеше на сите полиња за издигнување на квалитетот на екипата како од категориите во најмалата возраст, се до сениорскиот тим.

Младинските категории се важни за секој голем клуб, така и за Вардар кој што посветува огромно внимание на најмладите Вардарови членови. Во оваа година која што е пред самиот крај за одбележување беа неколку моменти во младинскиот фудбал.

Пред се оваа година ја одбележи отворањето на Фудбалската Академија на ФК Вардар. Помладите категории на најтрофејниот македонски клуб добија модерен спортски комплекс каде што можат да ги исполнуваат секојдневните обврски. Фудбалската Академија беше отворена во мај и истата има модерни соблекувални за најмладите и за тренерите, сали за состаноци, терен со вештачка трева... Беа обезбедени сите услови каде што помладите Вардарови генерации можат да тренираат и да работат за да го исполнат својот сон, да станат идни членови на сениорската екипа и идни репрезентативци.



Помладите генерации на Вардар се закитија со неколку титули. Најтрофејна беше генерацијата на деца родени 2000 година, односно пионерите кои што на шампионскиот трофеј го додадоа и трофејот од Купот на Македонија. Младинците, пак, се закитија со пехарот од шампионатот и играа во младинската Лига на шампионите.



Токму Вардар беше првиот клуб од Македонија кој што доби можност да настапува во европската „елита“. Младите Вардарци ги одмерија силите со Салцбург. Сепак, австриската екипа беше посилна, и триумфираше на двата натпревари против нашата екипа со 5:0 и 3:0. Младинската екипа е на добар пат да ја одбрани круната, а со тоа можност повторно да настапува во ова натпреварување.



И другите генерации на  Вардар се при врвот на табелата и се борат за титулите, со надеж дека оваа 2017 година ќе биде уште потрофејна. Повеќемината од младите генерации се борат и за трофеите во Купот.

Се играше Вардар Јуниор Лигата која што доби неколку нови членови. Ова семејство од година во година се повеќе се зголемува, и младите таленти од сите делови од Македонија може да го покажат својот квалитет, со желба еден ден да го облечат „црвено-црниот“ дрес.



За прв пат генерацијата на играчи родени 2008 година можеа да го почувствуваат натпреварувачкиот „дух“ и да играат во детската лига. Оние кои настапуваат во детската школа забележаа добри резултати и се надмоќни во своите генерации.

Помладите Вардарови генерации годината дадоа и многу членови на репрезентацијата, факт на кој што сите во клубот се горди со оглед дека станува збор за млади таленти кои што се иднината на клубот.



ФК Вардар и во следната 2017 година непрекинато ќе работи во секое поле за дополнителен развој на младинските екипи, за нивен понатамошен напредок.


Текстот е прочитан 602 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter