Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

09.02.2017, 13:20

Тремата се смирува со „десна нога“, а за среќа се носат и различни чорапи

Можностите за играње натпревари и напредок се големи кога школата е дел од Ракометната академија Вардар.

Во текот на годината се игра Вардар Јуниор лигата, а за време на паузата се одржува и зимскиот турнир „Еден живот, една љубов". Севкупната организација овозможува за над 1200 деца да бидат дел од натпревари, и тоа некои за првпат играат со вистински противник. За тоа како децата се снаоѓаат на првиот натпревар што го играат, разговараме со девојчињата од ракометната школа Кузман Вардар.

Велат дека и најдобрите спортисти често имаат некој таен ритуал или верување што им помага на теренот да извојуваат победа. Да се ислуша омилената песна, за среќа се носат и омилени чорапи, или да се влезе на теренот со десна нога,... нели сеприсутно е верувањето дека и во денот ќе те следи повеќе среќа ако наутро од кревет прво застанеш со десна нога. Спортистите многу ретко ги откриваат тајните, а исто е со нашите најмлади ракометари.

Сепак, Ана, Мартина, Ева, Теа, Андреа и Каролина од Кузман Вардар од 2002/03 годиште ни открија дека со „десната нога" ја намалиле дебитантската трема. Ги прашавме и дали можеби имаат специјални патики или чорапи кои им носат среќа на натпреварите, но девојките рекоа – не, иако има и тимови кои сите носат исти чорапи.

На зимскиот турнир неколку девојки од екипата за првпат играа натпревар и како тим се договориле заедно да им помогнат да другарките. Односно, по првиот слабо одигран натпревар се договориле на следниот натпревар целата екипа да влезе на терен со десната нога, и потоа играле полесно и подобро. Односно, вториот натпревар завршил нерешено.

Ана Алексовска им забранила и на родителите да го гледаат натпреварот, зашто така ќе имала уште посилна трема.

    „Ракомет тренирам една година, и ова ми се први натпревари. Имав трема, многу трема, ама до вториот натпревар успеав некако да ја смирам. Со тренерите работевме на акции и одбрана и бевме подготвени за играта. На тренинзите играме со постари од нас и полесно ни е кога играме со наше годиште. Но, тремата беше силна", вели Ана.

Девојките работат со тренерите Александра Кузмановска, Александар Савов и Стефан Петровски, и големата поддршка и мотивација што ја добиваат од нив, на некои девојчиња им помогнало да се справат со тремата.



Мартина Чавдарова има искуство со трема, но искуството што го стекнува преку натпреварите во Вардар Јуниор лигата ? помага да се сконцентрира само на играта.

    „Годинава првпат играм во лигата, и на почетокот, односно на првиот натпревар имав силна трема. Но сега сум навикната. Не ми е важно кои се противниците, едноставно ние сме тим, една целина и можеме и покрај с? - да победиме. Најмногу мотивација добиваме од тренерот и екипата", вели Мартина.

За Ева Кириловска натпреварите се веќе рутина. Две години по ред учествува и во лигата и на турнирите на Ракометната академија Вардар. Во лигата се натпреварува со постара генерација.

    „Тренирам три години, но оваа година ми е поинтересна во лигата, зашто подобро сме организирани како тим. На натпревар најмногу ме мотивираат соиграчите. Заедно се договараме пред натпревар што да правиме, се разбира заедно и со тренерите. Нели за тимот се прави с?, и денеска сите влеговме со десна нога. Но, со време се стекнува искуство, а и навика, да ја претвориш таа трема во позитивна енергија, а понекогаш и во победа", вели Ева.

Откако една година направила пауза Теа Петковска годинава по вторпат игра на турнирот.

    „Лани паузирав поради обврски во училиште, но ми недостигаше ракометот, другарите, и сакав да продолжам и се вратив годинава пак да тренирам. На натпревар најмногу ме мотивира тренерот, а родителите не ги пуштам да дојдат. Така имам трема, зашто извикуваат браво и кога ќе згрешиме. Сакаат да н? подржат и во добро и кога не е толку добро, но полесно ми е кога не ме гледаат", вели Теа.

Со десна нога на теренот влегла и Андреа Ангеловска, иако досега учествувала на сите три турнири.

    „Мене годинава ми е најинтересен турнир, мислам зашто екипата ми е подобра. Имам впечаток дека на овие натпревари подобро го совладувам и ракометот. Но, јас сакам кога моите родители се на трибините. Првата година ми беше срам зашто знаев дека ме гледаат, но сега ми значи нивното присуство во салата. Не сакам многу да извикуваат и да навиваат, но убаво е чуството дека се тука", вели Андреа.

За првпат на натпревар играше и Каролина Кимовска.

    „Со пауза тренирам две години. Ова ми е прв зимски турнир, а сум играла само пријателски натпревари. Пријателските натпревари се повеќе како тренинг, порелаксирано е на нив, и полесно ми е да играм, а овде има интензитет и затоа имам и повеќе трема. Родителите беа тука, и ми помогна тоа да ми се намали тремата и да се вклучам во играта. Но најмногу ми помогна мотивацијата од тренерот", вели Каролина.

За Мартина и Ева повторно ќе навиваме на натпреварите од Вардар Јуниор лигата, а со Ана, Теа, Андреа и Каролина се гледаме на следниот турнир.


Текстот е прочитан 720 пати.
#
Исланд го погоди бејби бум девет месеци по ЕП
Харден го доби дуелот со Вестбрук
Вињалес со триумф дебитираше за Јамаха
Карлеуша и Тошиќ во турско реално шоу
На Кливленд му виси првото место на Истокот
Чудесниот Буфон и уште почудесната Италија
Фетел го надмудри Хамилтон и го прекина постот на Ферари
Ова е најубавиот начин да се каже "збогум"
Вестбрук оствари трипл-дабл без промашување
Игуана прекина меч, па направи селфи со Хас

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter