Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

14.02.2017, 13:42

ОПШТИНА ЦЕНТАР НАПРАВИ ДОГОВОР СО ПОЦ

Со високи казни ќе се спречува паркирање на "Боемска 2"

Вработен од "Паркинзи Општина Центар" постојано ќе има на улицата за да ги казни оние кои ќе паркираат

Општина Центар најде начин како да го спречи паркирањето на улицата "Боемска 2". Искршените топки поставени место столпчиња ќе бидат обновени, а паркирањето ќе се забрани со високи казни за оние кои ќе бидат затекнати на новиот плочник.
"Паркирањето ќе се спречува директно со казни. Со ЈП 'Паркинзи Општина Центар' направивме договор еден нивен вработен постојано да има на 'Боемска 2' и да ги казнува сите кои ќе паркираат таму. Во исто време топките кои ги поставивме како бариера против паркирање, а граѓаните ги кршат, ќе најдеме начин да бидат поцврсти", рече градоначалникот Андреј Жерновски на вчерашната седница на Советот на Општина Центар.
Улицата беше пуштена во употреба со најава дека паркирањето на неа ќе биде забрането, но и покрај тоа, таа е полна со испаркирани коли. Бетонските топки поставени за да ги заштитат од паркирање тротоарите поплочени со гранитни плочки, се искршени, па се паркира и на нив.
"Боемска 2" е долга 270 метри, има вкупно 4.000 квадратни метри, а уредувањето ја чинеше Општината 43.632.737,00 или 709.475 евра. (М.И.П.)


Текстот е прочитан 1548 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Црвениот килим на Греми 2017
ИЗЛОГ
Вино
Пишува Лејла САБИТ - Скапо, евтино или наливно......

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter