Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

20.12.2016, 12:36

Град Скопје: Над 4 милиони евра за мерки против загадувањето на воздухот

Град Скопје како невистини ги оценува информациите дека многу малку мерки и активности се преземаат за намалување на загаденоста на воздухот во Скопје.

- Изминатиов период дел од јавноста и одредени здруженија на граѓани преку медиумите и социјалните мрежи пласираат невистини околу превземените мерки и реалната борба на Градот Скопје со загаденоста на амбиенталниот воздухот. Овие лица и здруженија шират лаги и дезинформации и околу средствата издвоени за оваа цел, како и за плановите на Град Скопје за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух. Дополнително, загадувањето на амбиенталниот воздух, согласно законските одредби е состојба каде општините во Скопскиот плански регион имаат идентични надлежности како и Градот Скопје, а надлежности имаат и институциите на централната власт, но сепак, Градот Скопје е институцијата која се издвојува и е постојана мета на нивните критики и забелешки, се вели во денешното соопштение од Град Скопје.

Оттаму посочуваат дека Градот Скопје уште во февруари 2011 година на улицата Македонија постави автоматски инструмент, којшто вршел мерење на загадувачките материи во воздухот, и тоа јаглеродмоноксид, сулфурдиоксид, азотни оксиди и партикуларни честички помали од 10 микрометри. Со овој потег, велат, всушност и започнала борбата со загаденоста на воздухот, состојба за која претходно воопшто не биле презентирани никакви бројки и мерни количини.

- Пред неколку денови беа презентирани и три исклучително важни студии и документи со кои директно се посочува кој колку влијае во загадувањето на воздухот во Скопскиот плански регион. Согласно овие истражувања и студии најголемото загадување со ПМ10 честички во воздухот потекнува од загревањето на домаќинствата со 32%, од сообраќајот – 20%, од прашината создадена од неуредените површини, уличната прашина и прашината од градежните активности - 19%, од индустријата – 18%, од сулфатните соли – 7%, од нитратните соли – 2%, и од прекуграничниот пренос на загадувачки супстанции – 2%. Во изработката на плановите учествуваа Финскиот институт за метеорологија, Австриската агенција за животна средина, Градот Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање. Свој придонес во подготовката на овие документи дадоа и Центарот за развој на Скопскиот плански регион и компанијата Технолаб. Изработката на овие документи се од исклучителна важност во давањето на насоки за понатамошната борба против загаденоста на амбиенталниот воздух, се вели во соопштението.

Во него се додава дека изминативе неколку години, Градот Скопје презел серија конкретни мерки за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух.

- Градските улици се прскаат со средството калциум магнезиум ацетат за контрола и намалување на ситната прашина, воведовме посебен сообраќаен режим за тешките товарни возила чија крајна дестинација не е Скопје, а кои се упатуваат да ја користат обиколницата, воведовме бесплатен автобуски превоз за повозрасните граѓани, за средношколците и за други граѓани, со помош на Владата на РМ набавивме повеќе од 300 нови автобуси со ЕУРО 4 и ЕУРО 5 мотори, воведовме Автоматизиран систем за управување на сообраќајот (ЦУКС), градиме и реконструираме велосипедски патеки како дел од проектот „СКОПЈЕ ВЕЛОГРАД 2017“ и ги поттикнуваме граѓаните што помасовно да го користат велосипедот како превозно средство, се вели во соопштението.

Од Град Скопје се додава дека го надградуваат проектот за изнајмување велосипеди од пунктовите на ЈП „Градски паркинг“, оти Градот Скопје е првата локална самоуправа што набавила електричен автомобил, електроскутери и електровелосипеди за потребите на администрацијата, а дека за граѓаните дополнително набавивиле и електромобили, електровелосипеди и електротротинети.

- За граѓаните поставивме два полначи за електрични возила во катните гаражи „Македонска фаланга“ и „Тодор Александров“, на јавните зелени површини засадивме повеќе од милион листопадни и зимзелени садници, подигаме нови зелени површини и се вклучуваме во акцијата Ден на дрвото – засади ја својата иднина, изработивме Инвентар на стакленички гасови за просторот на Скопскиот плански регион, а во завршна фаза е изработката на Стратегијата за климатски промени, редовно тече постапката за издавање Б – интегрирани еколошки дозволи и Елаборати за заштита на животната средина, а се вршат и редовни контроли на инсталациите од страна на градските инспекциски органи, а на граѓаните им доделивме 196 субвенции за купување печки на пелети, активност која ќе продолжи и во наредната година, посочуваат од Град Скопје.

Оттаму посочуваат дека ова се конкретни мерки кои и во иднина ќе се спроведуваат, но и ќе се надополнат и надградат.

- Така, за 2017 година предвидени се повеќе од 4 милиони евра за конкретни мерки и активности кои ќе придонесат кон намалување на загаденоста на амбиенталниот воздух во Скопје, или сумата предвидена за овие мерки е за повеќе од 20 пати поголема од сумата кои одредени лица и здруженија ја наведуваат во нивните лаги и дезинформации, се вели во соопштението од Градот Скопје.

Како најважни активности кои Градот Скопје ќе ги реализира во 2017 година, се издвојуваат подигнување нови зелени површини и посадување на нови дрва – 80 милиони денари, изработка и реализација на програми, планови и стратегии - 10 милиони денари, субвенции на граѓани за набавка на печки на пелети – 10 милиони денари, и извршување разни мерења и изработка за б-интегрирани дозволи – 1 милион денари.

Како дополнителна мерка, велат од Град Скопје, треба да се наведат и сите мерки и поддршка која ги дава тој за одредени категории на граѓани за почесто користење на сите форми на јавен и организиран превоз.

- Така, во повеќе ставки во буџетот на Град Скопје за 2017 година, предвидени се околу 152 милиони денари или 2,5 милиони евра за субвенции и финансиска поддршка за организиран превоз и користење на јавниот превоз на ученици, студенти, повозрасни лица и лица со посебни потреби. Како една од мерките кои ќе се спроведат во иднина е и набавката на 50 електрични автобуси, каде цената на еден ваков автобус се движи од 300 000 до 500 000 евра и нивната набавка ќе чини од 15 до 25 милиони евра евра. Средства за овие автобуси би биле делумно покриени од буџетот на Град Скопје, а делумно од буџетот на Република Македонија, посочуваат од Градот Скопје.


Текстот е прочитан 1693 пати.
#
Сендвичи за луѓето на улица
И монтажните паркиралишта ја чекаат новата влада
ЈСП се враќа на 9-ка и 19-ка
Аби голтнал камен фрлен од посетител
Центар ќе ја урива дивоградбата на "Самоилова"
Со високи казни ќе се спречува паркирање на "Боемска 2"
Годинава подземни контејнери на 12 нови локации низ Скопје
"Паркови" привремено ќе пресели 14 дрвја од "Народен фронт"
Пцовиса Аби, братчето Кан остана само
Во Карпош нема да има зонско паркирање

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Вино
Пишува Лејла САБИТ - Скапо, евтино или наливно......

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter