Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

14.03.2017, 12:18

ГРАДСКИТЕ ВЛАСТИ ВО ПОСЕТА НА СКОПСКИТЕ ОПШТИНИ

Пролетна акција на јавните претпријатија во Ѓорче

Општина Ѓорче Петров и Град Скопје започнаа пролетна акција за средување на Општината, која Градот ја спроведува по 14-ти пат, во рамки на циклусот посети на скопските општини.

За таа цел, Општината, заедно со претставници на урбаните и на месните заедници, составила акциски план за активностите на јавните претпријатија.
Во наредните седум дена, јавните претпријатија ќе извршуваат активности од нивниот делокруг на надлежности.
"Јавното претпријатија 'Улици и патишта' ќе ги крпи дупките и на главните и на споредните улици, односно ќе се крпат улици кои се забележани во планот. ЈП 'Паркови и зеленило' ќе ги кастри дрвјата според барањата на граѓаните, а ќе се садат и цвеќиња за разубавување на Општината. 'Комунална хигиена' ќе ги замени оштетените контејнери, ќе ги мие улиците и ќе ги исчисти мини-депониите", информираше градоначалникот Коце Трајановски. Тој истакна дека градските јавни претпријатија во овој период на терен ќе работат интензивно, за да се завршат што е можно повеќе работи.
Според градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Сокол Митровски, редовните средби на Градот Скопје со општините даваат позитивни резултати, затоа што претседателите на урбаните и на месните заедници ги потенцираа приоритетните проблеми и локации кои треба да се опфатат со оваа акција.
Покрај активностите на градските јавни претпријатија, во оваа акција ќе се вклучат и граѓаните, како и приватна фирма која ја ангажира Општината.


Текстот е прочитан 700 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter