Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

17.01.2017, 13:43

СОВЕТИ ЗА ЗИМА БЕЗ НАСТИНКИ

Јакнете го имунитетот и редовно мијте ги рацете

БЕРЛИН - Со малку среќа, редовното миење на раце, јакнењето на имунолошкиот систем и одржување здрава клима во вашиот дом е сè што ви треба за да ја поминете зимата без да се настинете, смета Урсула Селерберг, портпаролка на Федералниот синдикат на германски здруженија на фармацевти.

Треба да ги миете рацете неколку пати дневно доколку не сакате да настинете и тоа да ги триете со сапун убаво и меѓу прстите пола минута, советува Селерберг.
"Нема потреба од средства за дезинфекција", додаде таа.
Настинките ги предизвикуваат вируси, кои се пренесуваат преку предмети кои ги допреле повеќе луѓе, на пример, брави и огради. Миењето на рацете го спречува ваквото ширење на бактерии. Исто така, треба да го допирате лицето со рацете што е можно поретко со цел да ги држите вирусите подалеку од устата, носот и од очите.
"Оној кој е настинат не треба да кива во рацете, туку во шамивче или кога нема друг избор во ракавот. Вака нема да ја пренесете настинката на другите", забележа Селерберг.
Можете да го зајакнете вашето тело со топло-ладни тушеви, кои го стимулираат одбранбениот систем на телото.



"Секогаш завршувајте со ладен туш. Ова ќе го поттикне загревањето на телото", советува Селерберг.
Доколку не ги сакате топло-ладните тушеви, намокрете ги само рацете и нозете под колената. Домашниот третман со ладна вода, исто така, го зајакнува имунолошкиот систем. Наполнете ја кадата со ладна вода и влезете внатре две минути. Честото посетување на сауни дополнително го стимулира имунолошкиот систем, исто како и прошетките на воздух на ниски температури. Но при тоа треба да се облечете топло со шал и капа, за да не го премрзнете телото.
Иако многумина повеќе сакаат да си седат дома на топло во зимскиот период, треба да се знае дека системите за затоплување дома и во канцелариите ја сушат мукозната мембрана на телото.
"Со ова само $ овозможувате на настинката полесно да ве нападне", додаде Селерберг.
Исто така, бројот на вируси многу лесно може да се зголеми во затворени простории, па поради ова треба да ги проветрувате домовите и канцелариите по 10 минути, три до четири пати дневно. Со ова создавате поволна клима во затворените простории. Идеална собна температура во зимскиот период е 19 до 20 Целзиусови степени и ниту степен повеќе од ова.


Текстот е прочитан 1540 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Наместо транспаренти, цртежи и забава за поддршка на „Заедничка Македонија“ (Фото)
На денешниот музички хепенинг на Школка, во Градскиот парк во Скопје, орга...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Фишеци од мортадела
Приготвување:сирењето добро издробете го со виљушка или изрендајте го, па ...
Site Meter