Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

12.01.2017, 10:51

Тепачка во турскиот парламент поради зголемувањето на ингеренциите на Ердоган (Видео)

Во турскиот Парламент минатата ноќ дојде до тепачка меѓу пратеници на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) и на опозициската Репбликанска народна партија (ЦХП), во текот на гласањето околу предложените уставни реформи со кои треба да се зајакне позицијата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Како што јавија турските медиуми тепачката, во која пратениците се туркале и се размениле удари со тупаници, се случила пред собраниската говорница.

Пред тепачката пратениците на ЦХП ги обвиниле колегите од АКП дека гласаат надвор од кабините за тајно гласање со што го кршат Деловникот, а до инцидентот дошло кога претставници на владејачката партија се обиделе да му го одземат телефонот на еден опозициски пратеник кој го снимал, како што тврди опозицијата, непочитувањето на тајноста при гласањетоо.

АКП, со поддршка на десничарската Партија на националистичката акција (МХП), се обидува да издејствува усвојување на уставни промени со кои парламентарниот систем би се трансформирал во претседателски со што би се зајакнала извршната власт на шефот на државата и на Ердоган би му се овозможило да добие уште два нови мандати на функцијата претседател на Турција.

Од друга страна, ЦХП и курдската Демократска партија на народите (ХДП) се противат на реформите, тврдејќи дека со нов ќе се зајакна авторитарното владеење на Ердоган.

Сепак и покрај тепачката, на седницата што тареше до раните утрински часови, турскиот Парламент усвои три од 18-те предлог-амандмани. Продолжението на седницата е закажано за денеска попладне.

За усвојување на секој амандман потребна е поддршка од најмалку 330 пратенци во 550-члениот Парламент. АКП има 316 пратеници, а МХП - 39, што е за 25 повеќе од неопходниот минимум за усвојување на уставните реформи.

Со уставните измени се предвидува изборот на Владата од надлежност на Парлементот да премине во надлежност на шефот на државата, а на Ердоган би му се обозможило да се кандидара за претседател и во 2019 и во 2024 година, со што би можел да остана на функцијата до 2029 година.

ЗА ВИДЕОТО КЛИКНЕТЕ ТУКА


Текстот е прочитан 1194 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Вино
Пишува Лејла САБИТ - Скапо, евтино или наливно......

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter