Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

16.03.2017, 15:44

НИЗА ШАРЕНИ АКТИВНОСТИ ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СВЕТСКИОТ ДЕН

Украинката Олика, македонска снаа, помага за лицата со Даунов синдром

Центарот за Даунов синдром годинава организираше креативна работилница, во знак на Светскиот ден на Даунов синдром, а околу дваесетина учесници се собраа да изработуваат украсни предмети. Меѓу нив беа семејствата на лица со Даунов синдром, но и семејства кои дојдоа да се запознаат, дружат и да работат со децата и со возрасните со Даунов синдром. Креативни инструктори на работилницата беа Олика Селивон, Александра Зиновски - Вилиќ и Елизабета Петковска, 44-годишна жена со вешти раце, способна да исплете неверојатно тешки плетки. Дауновиот синдром и забавената моторика никако не ги оневозможуваат нејзините машински прецизни движења со иглите. Таа на најмалите им покажуваше наједноставно протнување и испреплетување на иглата со конецот, а на позаинтересираните им понуди да научат како да направат мал цвет, кој потоа се користеше во изработка на честитки, брошови и на шноли.

Бети сака да работи со сите бои и да плете разни украси и накит, но признава дека во последно време посебно ја одушевуваат плетките со многу тенок конец, кој $ овозможува да изработи многу елегантни тантели и ѓердани за посебни пригоди. Олика е од Украина и е мајка на едногодишно момче со Даунов синдром, па така, оваа многу креативна и способна жена, македонска снаа, се понуди да помага во подготовката и изработувањето на овие украсни предмети, а на ваквите работилници и да ги подучува заинтересираните.
Претседателката на Центарот за Даунов синдром Ида Мантон, за работилницата вели дека е убав поттик за сите да се започне пролетта со разиграни прсти, да се измешаат сите убави бои, да се поработи на моториката, да се дружи и запознава со нови пријатели.
"Мене ме воодушевува тоа што лицата со Даунов синдром се јавија во многу различни улоги и многу компетентно ги извршија своите задачи - инструктори, келнери и вредни учесници. Тие не се веќе само оние за кои се подготвува работилница туку се оние што учествуваат во нејзиното реализирање", вели Мантон.
Во Градскиот парк на 17 март ќе се одржи "Трчање за Даун" , а украсните предмети кои беа направени, ќе може да се купат на настанот кој се организира на 20 март, кога ќе се одбележува 21 март - Светскиот ден на Дауновиот синдром. Како дел од овој настан ќе биде и изложбата на фотографот на Вест", Огнен Теофиловски кој со објективот ги забележа активностите за одбележување на светскиот ден на Дауновиот синдром. Од Центарот потсетуваат заинтересираните да не заборават да носат шарени чорапи, да излакираат шарени нокти и, како што посочуваат, да му се воодушевуваат на овој шарен свет во кој сите ние живееме.


Текстот е прочитан 1030 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter