Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

31.03.2017, 13:18

КРШТАВАЊЕТО НА АЕРОДРОМОТ ВО МАДЕРА ПАДНА ВО ВТОР ПЛАН

Роналдо доби биста што не личи на него

Аеродромот на португалскиот остров Мадеира во иднина ќе го носи името на Кристијано Роналдо, прославениот фудбалер од таа земја.

На свеченоста за презентација на новото име на која присуствуваше и претседателот на Португалија, Марсело Ребело де Соуза, како и повеќемина локални моќници, беше презентирана и биста на познатиот фудбалер.
Меѓутоа, она што остави впечаток и за што се коментира по социјалните мрежи е изгледот на бистата, која, според многумина, воопшто не личи на познатиот фудбалер и изгледа како да е изработена од некој аматер. И самиот Роналдо, според изразот на лицето, како да не беше баш задоволен од тоа како е замислен од скулпторот што го креираше неговиот лик.
По бурните реакции се огласи и авторот на бистата.
- Невозможно е да ги задоволите Грците и Тројанците. Дури ни Исус не ги задоволил сите. Важно е влијанието што бистата ќе го генерира.За основа користев некои слики од Кристијано Роналдо кои ги најдов на интернет. Ги ставив сликите до мене и почнав да работам на бистата - вели скулптурот Емануел Сантош.


Текстот е прочитан 793 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter