Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

28.03.2017, 15:39

Хериџит: Трамп да ги исправи грешките на Обама во Македонија

Американската конзервативна фондација Херитиџ, во анализа објавена во понеделникот, оценува дека постојат веродостојни докази дека администрацијата на претходниот претседател Барак Обама ја злоупотребила агенцијата за меѓународен развој УСАИД за да промовира левичарски политики кои немаат поддршка на мнозинството американски граѓани, и тоа преку поврзување со организацијата на левичарскиот милијардер Џорџ Сорос. Анализата на Херитиџ, која е водечката конзервативна фондација во САД, делумно е базирана на примерот на проектите на УСАИД во Македонија, со напомена дека постојано се доставуваат докази за слични злоупотреби на програмите на УСАИД за ширење политички и идеолошки мотивирани програми и во други држави.

„Американските граѓани поддржуваат програми со кои се намалува сиромаштијата и се промовира демократијата, но администрацијата на Обама ја претвори УСАИД во агенција за промовирање контроверзна политичка агенда која не ужива целосна поддршка ниту во САД. Во оваа агенда спаѓаат трансродовите права, промовирањето истополови бракови, обуката на граѓани за уличен 'активизам' и 'граѓанско ангажирање и мобилизација'. Овие политики предизвикуваат длабоки поделби во САД. Програмите кои УСАИД ги спроведуваше во времето на мандатот на претседателот Обама не само што је немаат поддршката на голем дел од американските граѓани, туку не е јасно ниту со што ги промовираат американските национални интереси“, пишува во анализата на Херитиџ.

Се посочува дека УСАИД на ваков начин се однесувал во традиционални, конзервативни држави како што се Македонија и Ирска, но и во земји низ Африка и Јужна Америка. „Се разбира, ваквото американско мешање во внатрешната политика и во традиционалните вредности на овие земји честопати предизвикуваше контра-реакција, при што рекламни кампањи во Африка мораа да бидат повлечени. Во Македонија, про-американска, конзервативна партија обвинува дека УСАИД и Амбасадата на САД придонесоа кон создавање на длабоката политичка криза во која се наоѓа земјата“, пишува Херитиџ. Оваа фондација, која е исклучително блиска до владејачката Републиканска Партија, досега повеќе пати ја обвинуваше американската амбасада во Македонија за злоупотреба на фондовите на УСАИД и побара од новата администрација на Доналд Трамп да го отповика амбасадорот Џес Бејли.

Во анализата е посочено дека добар дел од левичарските проекти на УСАИД биле имплементирани преку Фондацијата Отворено Општество на Џорџ Сорос, која во Мексико се ангажирала да го легализира абортусот, во Колумбија туркала за отстапки кон марксистичките герилци од групата ФАРК, додека во Македонија, во оваа спрега меѓу Сорос и УСАИД, биле финансирани проекти за левичарско мобилизирање за протести. УСАИД наведува дека конзервативни американски конгресмени бараат од новиот државен секретар Рекс Тилерсон да спроведе истрага за ова финансирање и тоа дека истрагата во голема мерка е заснована врз докази обезбедени на случајот на Македонија.

Херитиџ предупредува дека администрацијата на Трамп мора да реагира бргу и да ја прекине политиката од времето на Обама, кога ги помагаше и соработуваше единствено со левичарските партии и организации. „Русија е целосно ангажирана да добие влијание во регионот на Балканот. Ако на политичките партии од овој регион не им се понуди прозападна конзервативна алтернатива, тие може да се свртат кон Владимир Путин“, пишува Херитиџ, промовирајќи ја идејата новата администрација на Трамп активно да работи со конзервативните партии низ светот, додека во исто време се вршат истраги за злоупотребите на фондовите за помош во времето на претседателот Обама.


Текстот е прочитан 1684 пати.
#
56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
ЕЛЕМ нема да бара поскапување на струјата
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не сакаат туѓи платформи
Миноски: Нови 72 милиони евра за малите и средните бизниси
СДСМ: Мнозинската волја на граѓаните ќе се реализира во разумен момент
СДСМ: Ја осудуваме изјавата на дебарскиот градоначалник Лата
Тодоров: Вакцините се безбедни, родителите да не го одложуваат вакцинирањето
Ниски температури во цела Македонија, земјоделците стравуваат од големи штети
ММФ и Светска банка: Македонската економија е стабилна и покрај политичката криз
ВМРО-ДПМНЕ: Нема да се реализира тиранската платформа затоа што граѓаните ја осудуваат

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter