Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

12.02.2017, 00:48

Груевски: Нови предвремени избори со јасен победник

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека на Македонија и се потребни предвремени избори со јасен победник, истакна вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој додаде дека кризата во земјата продолжува, оти се менуваат одредени фази на таа криза и различности.

- Потребни ни се превремени избори. Подобро е да биде појасна победата, чија и да е, но потоа да му се овозможи да формира Влада и да ги спроведе реформите. Доколку имаме и еден пратеник помалку ќе се бориме во Парламентот со сите демократски средства, но нема да бидеме недостоинствени како СДСМ. Изгубија, а излегоа на прослава и до ден денес велат победиле, рече Груевски во интервју за ТВ Нова.

За разговорите и посетата на еврокомесарот Јоханес Хан, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека било очигледно дека тој дошол во земјата со идеја да ги охрабри партиите за некоја широка коалиција, иако, како што кажа на состанокот не инсистирал на тоа, но некои претходни изјави укажувале на такво нешто.

- Низ разговорите тој сфати дека широката коалиција во Македонија е неуспешен проверен концепт. Нешто што го практикувавме во 2001-та, и сега откако настапи политичката криза и не да де резултати, држава стана нефункционална. Во разговорот отворивме доста прашања. Имавме дебата со аргументи, и на крајот и Хан кажа дека по средбите со сите партии, очигледно е дека е тешко остварлива идејата за широка коалиција, и второ дека е очигледно дека им е потребно повеќе време на партиите да донесат одлуки како да постапат, кажа дека останува на располагање и за во иднина, рече Груевски.

На средбата ВМРО-ДПМНЕ го отворила прашањето за нови предвремени избори, што би се одржале заедно со локалните избори.

- Стравувам дека постои можноста никој да не успее да состави Влада, и да изгубиме да речеме шест месеци, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски во интервјуто рече дека за него сега главниот предизвик е кога за тој што си се борел стои зад тебе- а тоа е народот затоа што стоел зад него. - Тоа најмногу охрабрува. Тоа те држи на нозе, вели тој.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека има поддршка во партијата.

Ја коментираше и работата на невладините организации под капата на Сорос и потребата од десороизација.

- Во нашиот случај беше очегледно вмешувањето во нашата политика на господинот Сорос во последните години. Тој отсекогаш бил против ВМРО-ДПМНЕ. Кога и да ВМРО е на власт неговите претставници се за СДСМ а против ВМРО. Нема една работа што сме ја направиле што рекле дека е добра. Ситуацијата е црно бела. Во последните години очигледна беше ситуација дека тој се обидува да ангажира и да влијае на други влади да влезат во неговата шема, идеолошки и политички цели и во Македонија да дојде до промена на власта, рече Груевски. Според него, Сорос има сериозно и можеби клучно влијание во целата работа.- Главниот проблем е што кај нас во минатиот период немаше невладини организации, рече Груевски додавајќи дека идната влада треба да одвои повеќе средства за граѓанскиот сектор.


Текстот е прочитан 2811 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

58-ми ден протести за иднината на Македонија (Фотогалерија)
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter