Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

12.03.2017, 10:02

Балканските ѕвезди Дино Мерлин, Дејан Савиќевиќ, Давор Шукер... со поддршка за унитарноста на Македонија

Безрезервна поддршка за унитарна Македонија пристигнува од многу јавни личности надвор од границите на земјава. Балканскиот пејач Дино Мерлин, легендарниот југословенски фудбалер Дејан Савичевиќ и хрватскиот фудбал Давор Шукер испратија пораки со поддршка до македонскиот народ за зачувување на унитарноста на Македонија.

Јас зборувам за Македонија, земјата во која вечерва ако луѓето ме гледаат сакам да им кажам да го сочуваат тоа сонце кое е на нивното знаме, да сонцето на македонското знаме никогаш не згасне и вечно да сјае, да тие луѓе пронајдат разум и најдоброто од себе да го дадат да никогаш не дојде до најлошото, вели Мерлин.

Легендарниот југословенски фудбалер Дејан Савичевиќ во изјава за ТВ Нова вели дека Македонија мора да го сочува мирот во државата.

- Мислам дека тоа се желби на одредени поединци и групации. Македонија има своја државност, има свој Устав и според мене, Македонија треба да остане заедно и тоа да остане само како најлошо решение, бидејќи војната не носи ништо добро, вели Савичевиќ.

- Праќаме порака за поддршка до нашите пријатели во Македонија, успешно да пребродат кризата и на сите татковината да им биде на прво место, како што им е тоа на играчите кога го носат македонскиот дрес се вели во пораката која ја прати претседателот на Фудбалската федерација на Хрватска, Давор Шукер.


Текстот е прочитан 1171 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter