Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

07.04.2017, 22:47

ВО МЕЛБУРН ИЗБРАНИ ТОП 50 РЕСТОРАНИ ВО СВЕТОТ ЗА 2017

Најдобар е "Илевен Медисон парк" во Њујорк

Ресторанот "Илевен Медисон парк" во Њујорк, со 3 Мишелин ѕвездички е награден за најдобар ресторан во 2017 година во Мелбурн, Австралија. За изборот на најдобри 50 ресторани во светот гласаа 1.000 експерти од гастрономската индустрија, вклучувајќи писатели, критичари и шефови на кујни од целиот свет.

Во првонаградениот ресторан кој нуди француска модерна кујна со печат на Њујорк, главен шеф е швајцарскиот готвач Даниел Хам. На второ место е ресторанот "Остериа Франческана" во Модена, Италија, исто така со 3 Мишелин ѕвездички, од 2010 постојано меѓу петте најдобри ресторани во светот. На трето место е ресторанот "Ел Селер де Кан Рока" во Жирона, Шпанија, со традиционална каталонска кујна. На 4. место е ресторанот "Миразур" во Ментон, Франција со две Мишелин ѕвездички. На петтото место е ресторанот "Централ" во Лима, Перу, нема ниту една Мишелин ѕвездичка, а во кој се готви со состојки од џунглата. Ресторанот, во изминатите три години е прогласуван за најдобар во Јужна Америка.
Славниот британски мастершеф Хестон Блументал ја доби наградата за животно дело на изборот "50 најдобри ресторани во светот". Неговиот ресторан во Лондон го освои 36. место на листата на 50 најдобри ресторани.


"Илевен Медисон парк" во Њујорк, со три Мишелин ѕвездички


"Остериа Франческана" во Модена, Италија


"Ел Селер де Кан Рока" во Жирона, Шпанија


"Миразур" во Ментон, Франција


"Централ" во Лима, Перу


Текстот е прочитан 670 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter