Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

05.03.2017, 15:23

СУДОТ ВО ШТИП ОДЛУЧИ

Седум и пол години затвор за свекорот оти сакал да ја силува, па да ја фрли снаата во бунар

Основниот суд во Штип го осуди Коце Мицев (67) од пробиштипското село Ратавица на 7,5 години затвор, бидејќи планирал грабнување на поранешната снаа Д.М. (36), која го напуштила нејзиниот сопруг И. Мицев (40), со кого претходно се развела и побегнала од селото.

Свекорот имал намера, најпрво да ја грабне и да ја врати снаата назад, а потоа да ја силува и да ја фрли во бунар.
Според образложението на судијата Сашко Георгиев, обвинетиот Коце Мицев, во август 2016 година барал адекватно лице од Штип, кое за добар паричен надомест би ја грабнало снаата, која се преселила во Штип и се вработила во една штипска конфекција.
Во текот на август 2016 година, свекорот успеал со штипјанецот Ц.М. да договори грабнување на бившата снаа. За таа цел, за почетокот му дала аванс од 250 евра, а останатите пари ќе ги добиел кога ќе ја донел снаата во селото Ратавица. Истовремено, му го кажал и планот дека за одмазда, снаата која го напуштила нивното семејство, ќе ја силува, а потоа ќе ја фрлил во бунар. Меѓутоа, планот не се остварил, затоа што лицето што требало да ја грабне жената, го пријавило случајот во полиција, која ги привела таткото и синот. Судот го продолжи притворот за Коце Мицев, сè до правосилноста на пресудата, а синот И. Мицев го ослободи од обвинение за грабнување, но за делото договарање грабнување го осуди на 10 месеци затвор, и за него го укина куќниот притвор.
(Т.Ј.)


Текстот е прочитан 3308 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter