Македонија Култура Скопје Живот Спорт Свет Калеидоскоп Култура свет
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

16.02.2017, 18:34

ПО ПРЕМИЕРАТА НА БЕРЛИНАЛЕ НА "КОГА ДЕНОТ НЕМАШЕ ИМЕ"

Лабина: Имаме одличен почеток за нашиот тажен филм

Македонската екипа од филмот "Кога денот немаше име", која ја сочинуваат режисерката и косценаристка Теона Стругар - Митевска, продуцентката Лабина Митевска и младата група актери кои беа одбрани на кастинг зашто беше потребно да се момчиња на тинејџерска возраст, деновиве во Берлин, на престижниот филмски фестивал од А категорија го промовира филмот кој е копродукција со Белгија, со Словенија, а е поддржан од Еуримаж.

Филмот е во програмата "Панорама", и е трет филм на Теона кој е лансиран токму од Берлин, но за ова искуство Лабина ни рече дека е одличен почеток за живот на филмот, и додава: "Искуството е фантастично за сите. Премиерата помина прекрасно, во преполната сала и во величествена атмосфера.
На црвениот тепих, младата актерска екипа, сосема спонтано ја испеа 'Сокол пие вода на Вардарот', реферирајќи на една сцена од филмот, на што насобраната публика реагираше со воодушевување. По завршувањето на филмот, реакцијата на публиката беше неочекувано позитивна за сите нас. Аплаузот во исполнетата Цо Паласт, легендарната сала на Берлинскиот фестивал, беше долготраен и громогласен. Не очекувавме ваков прием затоа што имаме тежок, тажен, авторски филм. Луѓе со солзи во очи ни приоѓаа да ни честитаат за филмот, потресени од приказната и од актерите. За младиот актерски ансамбл беше збунувачки што луѓе им приоѓаат молејќи ги за заедничка фотографија, ги гушкаат и им честитаат. Деновите им се исполнети со интервјуа и со прошетки низ прекрасниот Берлин".
Деновиве Митевски се заангажирани околу промоцијата на новиот филм кој е инспириран од настанот кај Смилковско Езеро, и зборува за општествените услови во односот кон насилството во една земја и велат оти по интересот и по поканите кои стигнуваат за други фестивали ќе предизвикува бранувања. (М.За.)


Текстот е прочитан 2770 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter