Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

11.01.2017, 10:18

ИО на СДСМ: Македонија мора да добие Влада која ќе ги решава проблемите на граѓаните

Македонија мора да добие влада што ќе ги решава реалните проблеми на граѓаните, заклучи Извршниот одбор на СДСМ на синоќешната седница.

„Извршниот одбор на СДСМ уште еднаш оцени дека е постигнат огромен успех на парламентарните избори на 11 декември, на коишто мнозинството граѓани на Македонија избраа промени на власта. Констатирано е дека ќе остане запаметено во политичката пракса, дека во Македонија е срушен режим без насилство, со пенкало и со глас. Ставот на Извршниот одбор на СДСМ е дека Македонија мора да добие Влада на граѓаните на Република Македонија којашто ќе почне со решавање на нивните реални проблеми. Граѓаните сакаат квалитетен живот, во едно општество на еднакви граѓани, правда и независно судство, државни институции што работат во служба на граѓаните“, стои во соопштението од партијата по одржаниот состанок.

Потсетуваат дека сето ова е содржано во извештаите на Европската комисија и на Рајнхард Прибе и мора да биде основа на реформските приоритети на новата Влада на граѓаните на Македонија.

„Сите партии коишто имаат освоено пратеници во Парламентот, освен криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, не смеат да дозволат формирање Влада во којашто би учествувале лица обвинети за тешки кривични дела, кои ги уништиле животот и перспективите на граѓаните и на Република Македонија“, соопштуваат од СДСМ.


Текстот е прочитан 666 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Вино
Пишува Лејла САБИТ - Скапо, евтино или наливно......

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter