Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

17.03.2017, 13:10

ЕК ПОТВРДИ

Хан и европската тројка во вторник во Македонија

Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, заедно со тројцата европратеници Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, во вторник ќе пристигнат во Македонија со цел да направат уште еден обид за договор за излез од политичката криза во која земјата е долг период, јави дописникот на МИА од Брисел.

Ова денеска го потврди портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, истакнувајќи дека Хан и тројката европратеници што и досега посредуваа во преговорите на македонските политички партии, освен со лидиерите на партиите, во Скопје ќе се сретнат и со претседателот Ѓорге Иванов, во нов обид да го убедат шефот на македонската држава да го додели мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
- Можам да потврдам дека комесарот Хан ќе патува во Скопје во вторник, следната недела, а тоа е 21 март, заедно со тројцата европратеници Флекенштајн, Кукан и Вајгл. Зедно, тие ќе се сретнат со претставниците на сите парламентарни партии, како и со претседателот Иванов и ќе ја повторат цврстата позиција на ЕУ за почитување на исходот од изборите и да се дозволи продолжување на демократските процеси со брзо формирање реформски ориентирана Влада, која ќе продолжи со имплементација на договорот од Пржино. Исто така, да потсетам дека вчера, за време на состанокот на лидерите на Самитот на шест западно-балкански држави во Сараево, комесарот Хан ја истакна важноста од регионална соработка и предупреди на ризик од разгорување на тензиите, вклучително и меѓуетнички, преку изјави или дејствија што ќе ги поткопаат добрососедките односи, истакна Коцијанчич.
На прашањето дали е можно да се очекува посеопфатни преговори на Хан и македонските политички лидери што може да доведат до некој нов, можеби трет пржински договор, со кој би се направил обид за намалување на тензиите во Македонија и уште еден обид за излез од политичката криза, гласноговорничката на Еврокомисијата со одговор:
- Како што веќе реков, ние веруваме дека меѓу работите што треба да се случат е договорот од Пржино да биде имплементиран, беше децидна Маја Коцијанчич.
Комесарот Хан и тројцата европратеници во минатото неколкупати посредуваа за надминување на политичката криза во Македонија, што како исход го имаше двофазниот договор од Пржино.


Текстот е прочитан 758 пати.
#
Проф. д-р Гордана Силјановска: Тиранската платформа е неуставна и води кон федерализација на државата
Младите генерации излегоа „За заедничка Македонија“ (Фото)
ИЛИЕВСКИ: Загрижени родители храбро излегоа за иднината на Македонија
Претседателе, „За заедничка Македонија“ е со Вас
Во живо - „За заедничка Македонија“ 25-ти ден за унитарна Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СЈО ги бие битките на Заев
Постигнат договор за Комисијата за прашања на изборите и именувањата
Анкета на ИПИС: Изборите не ја решиле кризата, потребни се нови
Нови истраги на СЈО, медиумите ги спуштија камерите
Нов повик од Вашингтон да се испита работата на амбасадата во Скопје

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter