Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

17.03.2017, 14:10

ВОДИТЕЛКАТА ЕЛЕНА СТЕФАНОВСКА ВЕРУВА ВО ТРАДИЦИОНАЛЕН БРАК

Сонувам да се омажам на плажа

ТВ-водителката Елена Стефановска која е автор и водител на емисијата "Живот со стил", ќе биде домаќинка на Саемот за венчавки, кој почнува вечерва, во хотелот "Александар палас" во Скопје.

Елена раскажува дека во моментов не е врска, но вели дека е традиционална девојка, која верува во бракот.
"Основањето брачна заедница е важен дел од животот, кој треба да се заснова на љубов и на почитување. Партнерите треба да имаат разбирање еден за друг и уште на самиот почеток треба им биде јасно дека не може сè да им биде розово и идеално. Бракот треба да се негува и никако не смее да се дозволи да стане навика, туку партнерите треба постојано да си изјавуваат љубов и да си даваат поддршка еден на друг за да може бракот да успее. Јас сум традиционална девојка, која верува во бракот и сите вредности во него", ни изјави Елена за време на специјалната фотосесија за "Вест".
Атрактивната водителка во моментов не е во врска.
"Иако имам многу работни обврски, не можам да кажам дека поради работата немам време за врска. Секогаш во животот ни е потребна љубов, и доколку го запознаам човекот што ми одговара, со кого ќе ја почувствувам онаа хемија што ни предизвикува пеперутки во стомакот - би била пресреќна", вели Елена, која верува дека за неа најдоброто допрва доаѓа.



Во иднина, таа се гледа себеси среќно мажена со човек кој би имал разбирање за обврските што ги носи нејзината јавна професија, а и таа за него, без разлика која професија би ја имал тој. За Елена, стабилен брак е синоним за стабилен и среќен живот.
"Би сакала да имам мала интимна венчавка и забава во кругот на најблиските пријатели и на семејството. Јас сум, во принцип, многу романтична и, можеби, идеално би било венчавка на плажа, покрај море, а во заднина да ми ги свират најубавите љубовни песни. Во секој случај, тоа нема да биде само моја одлука, ќе биде во договор со мојот партнер", раскажа водителката.
Оваа година, таа прв пат се појавува како заштитно лице и водител на Саемот за венчавки. Елена вели дека $ помага претходното искуство од водењето модни ревии и слични настани, како, на пример, годишната хуманитарна модна ревија што ја организираше покојната Есма Реџепова, каде што таа носеше невестински фустан. Саемот секогаш наоѓа простор во нејзината емисија "Живот со стил."

М. Џаровска
Фото: В. Тануровски
Фото: Б. Грданоски


Текстот е прочитан 2128 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Наместо транспаренти, цртежи и забава за поддршка на „Заедничка Македонија“ (Фото)
На денешниот музички хепенинг на Школка, во Градскиот парк во Скопје, орга...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Фишеци од мортадела
Приготвување:сирењето добро издробете го со виљушка или изрендајте го, па ...
Site Meter