Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

12.04.2017, 15:26

Груевски: Македонија вработува отвори над 25.000 работи места

Проектот Македонија вработува во изминатите две години отвори нови над 25.000 работни места, а поволностите што ги нуди за компаниите ги искористиле 4.100 фирми. Само преку Македонија два се вработени околу 6.000 лица, а според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски проектот тече одлично и го оценува дека е најдобро нешто што и се случило на Македонија во последните 25 години.

- За неполни две години само со еден проект во два дела Македонија вработува еден и Македонија вработува два се отворија над 25 илјади работни места што е огромен успех и е еден од најдобрите проекти во историјата на независна Македонија. Со овие два проекта им се овозможи вработување на голем број луѓе од ранливи категории кои тешко можеа да дојдат до вработување. На компаниите им се дадоа екстремно добри услови за да се охрабрат да ги вработат овие луѓе, рече Груевски, одговорајќи на новинарски прашања по увид на градежни работи на катната гаража „Смилевски конгрес“.

Тој нагласи дека Македонија вработува два започна откако заврши Македонија вработува еден кога, како што кажа, најголемиот потенцијал за мерката веќе беше искористен, но сепак е како да се привлекле инвеститори кои отвориле нови 12 до 13 фабрики со по 500 вработувања.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги повика компаниите до 27 јуни кога истекува проектот Македонија вработува два да ги искористат поволностите што ги нудат и да вработат лица по екстремно подобри услови со неплаќање на многу давачки кон државата. По 27 јуни, како што рече, повеќе нема да имаат таква можност.

- Очекувам до 27 јуни бројката на вработени преку Македонија вработува два да порасне и дека компаниите ќе ги искористат поволностите што им се нудат. Мерката е дизајнирана да не биде социјален момент, туку да биде од интерес на компаниите, да биде за нивно добро, рече Груевски и додаде дека 4.100 компании ја искористиле мерката.


Текстот е прочитан 768 пати.
#
56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
ЕЛЕМ нема да бара поскапување на струјата
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не сакаат туѓи платформи
Миноски: Нови 72 милиони евра за малите и средните бизниси
СДСМ: Мнозинската волја на граѓаните ќе се реализира во разумен момент
СДСМ: Ја осудуваме изјавата на дебарскиот градоначалник Лата
Тодоров: Вакцините се безбедни, родителите да не го одложуваат вакцинирањето
Ниски температури во цела Македонија, земјоделците стравуваат од големи штети
ММФ и Светска банка: Македонската економија е стабилна и покрај политичката криз
ВМРО-ДПМНЕ: Нема да се реализира тиранската платформа затоа што граѓаните ја осудуваат

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter