Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

02.12.2016, 15:08

ЗА ВИКЕНДОТ ДЕБАТА ВО РАМКИТЕ НА "СКОПСКИ АВТОБУСКИ ХАКАТОН"

Ќе се мотивираат граѓаните да споделуваат возило

В сабота во 10:30 часот, во Јавна соба ќе биде отворена манифестацијата "Скопски автобуски хакатон", во чии рамки ќе се одржи и дебата на тема "Сподели возило".

Целта на оваа дебата е мотивирање на јавноста повеќе да го користи јавниот транспорт и да споделуваат возило за секојдневните патување во Скопје. Во рамки на дебатата, учесниците на "Скопски автобуски хакатон" треба да изработат иновативно софтверско решение или алатка која ќе одговори на едноставно, но сепак круцијално прашање - што може да го поттикне граѓанинот да го остави сопственото возило дома и да избере јавен транспорт или да дели возило со друг патник.
"Град Скопје, кој е партнер во истражувачкиот и иновациски проект 'СоциалКар', работи на вклучување на мерката за споделување возила во постојните системи за јавен превоз, со помош на софтвери за планирање и интеграција на базите на податоци од јавниот превоз, споделувањето возила и активирањето на граѓаните преку друштвените мрежи. Проектот 'СоциалКар' и јавниот транспорт се ефективни и имаат поголемо влијание кога голем број патници ги користат, затоа, цел на оваа тема е да добиеме софтверско решение кое влијае врз промена на менталитетот и однесувањето на луѓето во поглед на оставање на своето возило дома и користење на јавен транспорт, на организиран превоз на повеќе патници со едно возило или, пак, најдобро, комбинирање на јавниот транспорт и организирано споделување на возило", велат од Град Скопје.
Во рамки на "Скопски автобуски хакатон", ЈСП распиша јавен повик до заинтересирани за изработка на иновативно софтверско решение во насока на зголемување на задоволството од користење на јавниот градски транспорт во Скопје, преку оптимизација на бројот на патници во автобусите на линиите 2, 5, 19, 22 и 57. Победниците на натпреварот ќе бидат соопштени в недела. (А.А.)


Текстот е прочитан 995 пати.
#
Триесет кандидати се обучуваат за професионални пожарникари
Простор за 250 деца во градинката "Штркче"
Ќе се обновува Старата учителска школа
Прифатилиштето ќе се проширува со парите за новогодишната прослава
Гази Баба годинава ќе асфалтира 72 улици
Паркот Нирнберг ќе се наводнува со автоматски прскалки
Скопје се чисти од новиот снег
Да се внимава на внатрешните инсталации
Скопјани се собраа во Мичурин за Василица
Без парно, на помош ќебиња и греалки

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Модни трендови за тинејџери во 2017 според Вог
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Зелен сос
Приготвување: пиперките исечете ги по должина, извадете им ги семките и ис...
Site Meter