Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

26.01.2017, 13:12

ФОЛК-ПЕЈАЧКАТА ТАЊА ЈОВАНОВСКА-ТРАЈКОВСКА НА ПРВА ТУРНЕЈА НИЗ КАНАДА

Со новата долна облека ќе го израдувам сопругот

Фолк-пејачката Тања Јовановска-Трајковска е презадоволна од првата турнеја во Канада, каде што веќе еден месец настапува со Анета Арсовска, Менде Куновски и со колегите од групата "Алтернатор".

Вели дека благодарение на менаџерите Соња и Срѓан Мириќ, сè поминува во најдобар ред и нивните концерти се полни со публика. Повеќето од концертите се во Торонто, претежно за викендите, а во текот на неделата имаат време да прошетаат и да уживаат во убавините на градот. На една од тие прошетки, Тања добила понуда за снимање реклама, но поради слабото познавање на англискиот јазик, таа била одбиена.
"Пред неколку дена се шетавме во еден шопинг-центар и седнавме да пиеме кафе. Ни пријде девојка и ме замоли да бидам дел од реклама за голем попуст на автомобили. Бидејќи не сум до толку со англискиот, реков дека ако треба малку да се зборува, нема проблем, но ако е потребно многу зборување, нема да прифатам. Секако, рекламата беше наменета за Американците и поради јазикот не учествував", вели пејачката.



Иако таа има пофални зборови за организацијата, сепак, едвај чека да се врати дома, зашто $ е многу потребна на ќерка си Драгана, која без проблем ги поминува сите кругови во натпреварувачкото шоу "Пинкови ѕвездички" и веќе влезе во петтиот круг. Тања, како и сите пејачки, се враќа дома со неколку куфери гардероба, бидејќи ги фатила сите попусти, а еден од куферите е преполн за ќерка $.
"Си изнакупив гардероба, кремови, парфеми и сето она што ми е потребно, а кај нас е многу скапо. Навистина попустите овде и кај нас не можат да се споредат, многу работи кај нас се поскапи. Најмалку подароци ќе добие сопругот, но со оглед на тоа што купив многу долна облека од 'Викторијас сикрет', мислам дека тој најмногу ќе се израдува", се шегува Тања. (В.М.)


Текстот е прочитан 3651 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter