Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

18.04.2017, 10:48

СИНХРОНИЗИРАН ДЕТСКИ ФИЛМ НА 20 АПРИЛ, ИСТОВРЕМЕНО ЌЕ ИГРА ВО ДЕСЕТИЦИ КИНА ВО ТРИ ЗЕМЈИ И НА ОНЛАЈН ПЛАТФОРМА

Ретро-комбе го рекламира "Малиот гангстер"

Легендарното комбе од марката "фолксваген", кое својот зенит го имаше во '60-тите години од минатиот век, брендирано со зборовите "Малиот гангстер" и "Татко ми е шеф на мафијата", деновиве е забележано како вози низ Скопје.

Станува збор за дел од рекламната кампања за детскиот холандски филм "Малиот гангстер", кој од 20 април, истовремено, ќе се прикажува во кината во Македонија, Албанија и во Хрватска и на "ВоД платформа", синхронизиран на македонски, албански и на хрватски јазик.
Прикажувањето го координираа продукциската куќа "Катавеј" и Филмскиот институт од Тирана.
"Станува збор за еден од најдобрите холандски семејни филмови во последните години. Победник на најголемите филмски фестивали за деца во светот - 'Синекид', 'Џифони', 'Оулу', фален од жирито и од публиката. Комедија со шмек на американските гангстерски филмови. Духовита ода за училишните згоди и незгоди. Филм наменет за најмладата публика од 8 до 14 години и за сите што сакаат одлична комедија", велат од "Катавеј".
Оттаму додаваат дека е особено важно што за првпат ќе се случи истовремено прикажување на еден филм во еден ден во повеќе киносали и на "Видео он деманд" платформа, преку мобилен телефон или компјутер во три земји.
"На овој начин се очекува филмот да стаса до поголем број гледачи, комбинирајќи кино и онлајн дистрибуција. Овој смел бизнис модел се очекува да поттикне провокативни идеи и методи за промоција на филмовите на Балканот и пошироко", велат од продукцијата.
Проектот "Катавеј онлајн и офлајн: Нови дигитални форми за филмска дистрибуција на Балканот", кој беше поддржан на повикот за иновативни дистрибутивни модели од МЕДИА програмата на Креативна Европа, почна да се реализира од ноември 2016 година.

(Б. Н.)


Текстот е прочитан 613 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter