Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

23.02.2017, 11:42

ДУИ: Во петок ќе се решава дали ќе се влезе во владата, дадена согласност за предлог-текстот за албанскиот јазик

Претседателството на Демократската унија за интеграција (ДУИ) на синоќешната седница ја прифатила верзијата за употребата на албанскиот јазик, а, како што изјавија претставници на партијата, приближени се ставовите со СДСМ.

Портпаролот на ДУИ Бујар Османи по завршување на седницата изјави дека едногласно е дадена согласност за предлог-текстот за албанскиот јазик.

- Претседателството на ДУИ ги исцрпи сите аргументи во однос на законот за јазикот, и на крај едногласно даде согласност за текстот на овој закон. Го завршивме овој дел од дебатата и утре ќе почнеме со останатите делови за можната хармонизација на една заедничка платформа за заедничко владеење, рече Османи.

Тој додаде дека има уште прашања што треба да се дискутираат, но оти значајно е дека е заокружена една значајна фаза.

- Има прашања кои треба да се дискутираат, евентуално за хармонизација на платформите, за начинот на заемната поддршка. Исто така има и други теми, кои ќе се отворат во петок. Значајно е дека денес заокруживме една значајна фаза од овој процес, рече Османи.

По состанокот Рафиз Алити посочи дека предлог-законот „може да не е совршен“, но оти Претседателството дало согласност да се оди понатаму со СДСМ.

- Начелно го поддржавме предлог-законот за употреба на јазиците. Останува претседателот со преговарачката екипа да се сретнат со претставниците на СДСМ, изјави Алити.

Во петок се очекува да се одржи седница на Претседателството на ДУИ на која би се разговарало за тоа која опција е прифатлива за оваа партија.


Текстот е прочитан 1203 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter