Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

12.12.2016, 13:27

ЕЛЕОНОРА ВЕНИНОВА, СЦЕНАРИСТ И РЕЖИСЕР

Со душа го чекам "Преекспонирано"

Венинова по студиите во Скопје, заминува во САД и во Етиопија. Во Македонија ги работи "Влакна", "Борба за смрт"и "Прасето што сакаше да биде птица", наградувани низ светот, а актуелна е по ТВ-сериите"Пет+фамилија" и по "Преспав"

Елеонора Венинова е новинарка, сценаристка и режисерка на наградувани филмови, како и на популарните ТВ-проекти, детската серија "Пет+фамилија" и сит-ком серијата "Преспав".
По 2,5 месечни патувања по фестивали во Јапонија, Шпанија и Италија, Венинова се врати во Скопје и поразговаравме за наградите и ангажманите.
Венинова (33) го завршува Правниот факултет во Скопје, отсек новинарство, и по работата во неколку медиуми, добива американска стипендија и оди на Универзитет во Лос Анџелес на магистерски студии за пишување сценарио на долгометражен филм.
Таму живееше две години, а паралелно работеше и за неколку продукциски компании како читач и асистент за развој на сценарио. По САД, се сели во Адис Абеба во Етиопија, во продукциска компанија која работела корпоративни проекти за УНИЦЕФ, УНДП, едукативни видеа, реклами.
Во 2011 година, по 3,5 години поминати во странство, се враќа во Македонија, каде почнува да работи и како режисер.
Околу работата во САД, Венинова вели: "Читачот е многу убава и корисна професија која подразбира читање сценарија и нивна анализа. Дневно читав по две до три сценарија, меѓу нив беше и 'Вози' на Николас Виндинг Рефн, кој беше номиниран за Оскар во 2012 година.
За да стигне сценариото до продуцентот, мора прво да го прочита читач, а тоа се студенти и млади професионалци. Ние препорачувавме повеќе од 5 отсто од сценаријата кои ги добивавме. Потоа одат до асистентот на сценарио кој уште повеќе го намалува списокот, за на крајот кај продуцентот да стигнат по две сценарија месечно.
Тоа искуство многу ми помага за моите сценарија, затоа што низ туѓите грешки, низ туѓите успешни сценарија и приказни, се учи за тоа како можеш сопствените да си ги искоригираш".
Венинова има добиено три награди на конкурсите на Агенцијата за филм за три различни сценарија.
Во 2013 година го сними краткиот филм "Влакна", со продуцентот Небојша Илиевски, трилер-мистерија, приказна за детективка (која ја игра Ирена Ристиќ) која води случај за убиство на младо девојче.
Елеонора додава: "Тоа ми беше прв посериозен краток филм и освоивме две награди: Златно реми на 'Ворлдфест Хјустон' во Хјустон, Тексас и за најдобар трилер во Канада. Филмот доста патуваше на фестивали во САД и во Европа.
Од него развивам серија во 8 епизоди , која ја презентирав во Торино за договори за копродуценти".
Годинава е актуелна со краткиот "Борба за смрт" на продуцентот Гоце Кралевски, кој досега беше на 20-ина фестивали и има две награди. Уште пред да се сними филмот, сценариото пред две години беше наградено на Меѓународниот филмски фестивал во Драма, Грција, каде годинава Мите Грозданов и Илија Струмениковски ја освоија Специјалната награда за најдобра машка улога.



Актерските ветерани играат двајца старци кои се расправаат за последното гробно место во едно запустено македонско село.
Минатиот месец стигна и втората награда, Златна мачка за најдобар филм на фестивалот во Измир, Турција.
"Филмот поминува извонредно, луѓето многу се поврзуваат со приказната. Неодамна бевме во мало гратче во област во Северна Шпанија, каде што населеноста е слична на онаа во Сахара. Има многу опустошени села и оние кои го гледаа 'Борба' коментираа дека дури и релјефот, и визурата ги потсетува на тој дел од Шпанија. Истите коментари ги добив и во Грција и во Италија, и се покажа дека не ни е толку локална приказната", раскажува режисерката.
Во Агенцијата за филм, лани со продуцентот Кралевски аплицирале со долгометражниот филм "Преекспонирано", за чие сценарио има добиено грант од Агенцијата. Со сценариото учествуваа и на работилници во Рига и во Белград, но лани биле одбиени. Годинава повторно аплицирале на конкурсот на Агенцијата и ги чекаат резултатите. "Ние се обидуваме сите скалила да ги поминеме школски и очекуваме оние правилници кои Агенцијата ги донесе, со кои јас во голема мера се согласувам, да важат за сите", вели Венинова.
"Преекспонирано" е приказна за современа брачна двојка која се занимава со меѓучовечки односи.
Меѓународно успешна соработка на Венинова со продукцијата "Охо" беше анимираниот филм "Прасето кое сакаше да биде птица" што се пласираше меѓу десетте најдобри на фестивалот "Јапан прајз" во Јапонија, и стана финалист на најпрестижниот светски фестивал за детска телевизиска продукција во Минхен.
"Во серијата '5+фамилија' не влегов на почетокот, туку подоцна на покана на продукцијата. Во 2014 година напишав 3 сценарија, и после откако навлегов во карактерите, го сфатив форматот, влегов како сценарист и како режисер.
Уживам во работата на 'Петко', затоа што е благородна, една од ретките такви серии за деца коишто се прават кај нас. Во 'Петко' имам голема одговорност, не смеам да оставам отворени прашања, да промовирам некоја етика или вредности кои можеби не се прифатени од општеството", вели таа.
Меѓу новите проекти на Венинова, на кој се потпишува како сценарист и режисер, заедно со повеќе автори, е ТВ -серијата "Преспав", во продукција на "Охо".
Станува збор за сит-ком серија, која се реализира со поддршка на делегацијата на Европската Унија во Скопје и која веќе почнува да стекнува фанови кај македонската публика.
"По успехот со детската серија 'Пет+фамилија', продукцијата одлучи да работи хумористична серија во сит-ком формат. Работиме со Сашо Кокаланов, Венко Андоновски , со Игор Иванов-Изи. Влеговме во таа приказна што е нешто ново за нас, и мислам дека, на крај, имаме добар производ, за кој и ние самите имаме забелешки.
Работата на сит-ком ТВ-серија беше нешто кое сите, за прв пат го работевме. Буквално, моравме сами да си го пробиваме патот, да учиме од она што гледаме по американски и британски серии, зашто во регионов нема буквално ниту една слична серија. Како што се приближуваше крајот, стануваше сè полесно", вели Венинова.
Б.Нестороска
Фото: Д.Перковски

Сценаристите се заглавени во круг

На прашањето што мисли за мотивираноста и ангажирањето на младите сценаристи, Венинова вели :"И јас некогаш имам чувство, дека како сценаристи сме мрзеливи. Генерално се пишува само пред конкурс или некаков натпревар.
Од Агенцијата велат дека едвај добиваат по 10 сценарија, а доделуваат три гранта.
Тоа е премалку ако се изброи колку сценаристи има во Македонија, не само млади, туку и повозрасни. Како да немаат желба да влезат во таков еден натпревар".
Во однос на темите кои ги интересираат сценаристите, таа смета дека помладите колеги се колку толку во тек со она што се бара на пазарот. Според неа проблем се јавува кога во конкурсите од Агенцијата и од телевизиите се бараат сценарија со национални теми, во кои според Венинова, младите потешко се пронаоѓаат. Од друга страна и продуцентите го бараат тоа од нив, па сценаристите се заглавени во круг.





Текстот е прочитан 825 пати.
#
Детско срце во тело на чудовиште
МКЦ доби "АПоТЕКА" за 45. роденден
Каде и како се школувале децата бегалци
МКЦ го слави 45. роденден
Музичарите со солзи и празен пулт го испратија маестро Ѓумар
Ана Пандевска е прва во две категории
Комеморацијата за маестро Ѓумар е в среда во 11 часот во МОБ
"Ничија земја" од Венеција стигна во Скопје
Наградени 13 композиции на вториот конкурсен рок за создавање класична музика
Почина актерскиот првенец Сефедин Нуредини

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Најзгодните светски ѕвезди во бикини за 2016
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Паштета со 'фстаци
Приготвување: во загреаниот путер малку пропржете ги ситно сечканите кроми...
Site Meter