Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

05.01.2017, 10:02

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ КНИГАТА „Школувањето на прогонетите деца од Егејска Македонија” од Иван Глигоровски

ПРИНУДЕНИ МАЈЧИНИОТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ДА ГО УЧАТ ВО ТУЃИ ЗЕМЈИ

Во издание на скопската издавачка куќа „Аз – буки” излезе од печат најновата книга „Школувањето на прогонетите деца од Егејска Македонија” на новинарот – публицист Иван Глигоровски. Преку оваа обемно и содржајно дело (450 страници и 170 фотографии) читателот ќе се сретне и ќе се запознае со триесетината и повеќе искрени, но и многу болни сеќавања, искази и разговори што авторот ги забележал од македонските деца, ученици, младинци – борци кои биле присилно прогонети од егејскиот дел на Македонија, главно во текот на 1948 година, за време на Граѓанската војна во Грција, а кои биле привремено сместени и на престој во ФНР Југославија и неколку источноевропски земји (Романија, Унгарија, Чехословачка, Полска и СССР). Исто така, заслужен простор во содржината на оваа книга заземаат и сеќавањата на неколку „мајки” и учители на нашите деца откорнати од својот роден крај.

Целта на авторот на оваа занимлива книга е да се забележат и обелоденат многу непознати настани и детали од школувањето и образованието на нашите деца од Егејска Македонија кои биле на привремен престој во далечните, и за нив, туѓи земји. Од нивните автентични разговори, сеќавања и искази Глигоровски се обидува да долови, разоткрие и регистрира повеќе податоци и поединости околу нивното тешко и со проблеми школување. Зашто, грчката власт и пропаганда биле немилосрдни околу условите и забраната на школување на македонските деца што биле присилно преселени во непознати земји и средини. Меѓутоа, и покрај таквите обиди и влијанија од страна на Грција, прогонетите деца од Егејска Македонија во прифатилиштата, детските домови и училишта, а со помош на македонските учители, воспитувачи и „мајки” успевале да го учат и научат својот македонски јазик, да се запознаваат со своите корени и историја и подоцна да станат корисни граѓани на Република Македонија.

Неуморниот истражувач на историјата, македонскиот јазик и особено, просветата и образованието на македонскиот народ, новинарот – публицист Иван Глигоровски, во оваа книга, меѓу другите, ги бележи исказите од учениците, младинците – борци, а денес познати поети, писатели, публицисти, лингвисти, новинари, ликовни уметници, стопанственици - Паскал Гилевски, Ристо Ѓ. Јачев, Стојан Кочов, Ермис Лафазановски, Марија Воденска, Ставре Џиков, Коле Рошев, Христо Ивановски, Гоче Поповски, Георги Георгиевски, Доне Милјановски, Тепи Станишева – Жоговска, Јане Теохаревски, Григори Поповски и Алки Фотевски. Занимливи се исказите и на учителите Атанас Кировски и на Атина Поповска. Сепак, разговорот со Вера Ангеловска – Кировска, сестра на нашиот револуционер и учител Лазо Ангеловски, која била „мајка” на напите деца од Егејска Македонија во Чехословачка, ќе побуди посебен интерес кај читателите.

Рецензентот на овој ракопис проф. д-р Стојан Киселиновски (инаку прогонето дете од село Б’мбоки, Костурско, во Романија), меѓу другото, ќе истакне:

-Убеден сум дека зафатот со ново дело, на оваа вечна и жална тема (прогонот на Македонците од Егејска Македонија), Иван Глигоровски се решава по неговите сознанија дека се уште има нови и неоткриени, не публикувани сеќавања и искази од нашите ученици и делумно од нивните учители што присилно се прогонети од родните краишта на Егејска Македонија. Тоа е многу добро и значајно за македонската историографија. Особено поради фактот што од секоја личност дознаваме за некој нов случај, податок, за прогонот на нашите сограѓани од егејскиот дел на Македонија, за начинот на школување, како во родните села и градови, така подоцна и во прифатилиштата, училиштата и домовите во европските земји. Исто така, тоа е можност, преку автентичните сеќавања на учесниците на тие настани (тоа е најважното што го прави авторот на оваа книга) дознаваме во какви услови се одвивала наставата на македонски јазик, од кои учебници и помагала се учело и слично...

Инаку книгата „Школувањето на прогонетите деца од Егејска Македонија” на Иван Глигоровски му е 11 –то авторско дело. Со некои од книгите („Првите учители на македонски јазик 1943-1948” и „Народниот учител – гордост на повоеното македонско школство”) тој се стекнува со наградите „Мито Хаџи Василев – Јасмин (2007 г.) и „13 Ноември” (2008). Својата публицистичка мисија овој автор ја продолжува кон нови содржини и наслови од општ интерес за македонскиот народ и Република Македонија. По неколку години (2018) негова желба е да се објави капиталното дело „Македонски лингвисти” во кое ќе бидат застапени ликот и делото на нашите најврвни научни работници – лингвисти (јазичари).


Текстот е прочитан 669 пати.
#
МКЦ го слави 45. роденден
Музичарите со солзи и празен пулт го испратија маестро Ѓумар
Ана Пандевска е прва во две категории
Комеморацијата за маестро Ѓумар е в среда во 11 часот во МОБ
"Ничија земја" од Венеција стигна во Скопје
Наградени 13 композиции на вториот конкурсен рок за создавање класична музика
Почина актерскиот првенец Сефедин Нуредини
Замина голем човек, пријател и музичар
Почина диригентот Саша Николовски - Ѓумар
Мисо е најпродаван онлајн автор во Македонија

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Фотографиите од сексапилната албанска поп пејачка Ени Кочи уриваат рекорди на Интернет
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Варени јаболка со пудинг
Приготвување: јаболката измијте ги, излупете ги и ставете ги во половина л...
Site Meter