Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

15.04.2017, 07:36

НАД ТРИЕСЕТ ОТСТО ОД МАКЕДОНЦИТЕ СТРАДААТ ОД АЛЕРГИИ

Не секој што кива од прашина има алергија

Над 30 отсто од населението во Македонија страда од алергии. Алерголозите објаснуваат дека првата епидемиолошка студија за болните од алергии е правена во 1995 година и според неа, 11, 5 отсто од населението боледува од алергиски ринитис. Втората епидемиолошка студија, правена во 2003 година, покажала дека 23, 1 отсто од населението има алергиски ринитис, а трета сe уште не е направена.

"Според проценките од клиничката пракса, очекуваме над 30 отсто од населението да има проблем со алергии. Зголемениот број пациенти со алергии, пред сe, се должи на аерозагадувањето, кое е присутно во разни форми, како што се озонот, издувните гасови од дизел-автомобилите, азотните оксиди, ПМ-честичките, исхраната со растителни продукти, кои содржат пестициди и хербициди, употребата на месо и на млеко од животни што се хранети со хормони и со антибиотици", вели проф. д-р Дејан Докиќ, алерголог и пулмолог на Клиниката за пулмологија.
Тој објаснува дека мал дел од новооткриените пациенти се должи и на зголемената свест на пациентите за алергиите и на зголеменото знаење на докторите да препознаат алергија.
Сезоната на поленски алергии во Македонија почнува во февруари и трае до ноември, односно само три месеци во годината пациентите со поленски алергии не се изложени на поленови алергени.
"Во Македонија, сезоната на цветање на различни полени од различни растенија почнува многу рано, уште во февруари, кога во јужните делови од земјата, односно во Гевгелија, Дојран, Струмица почнуваат да цветаат медитеранските дрвја чемпреси и кипариси. Во март, во целата земја почнуваат да цветаат раноцветачките дрвја, како што се: брезата, леската, јаворот, буката и некои други сродни растенија. Тие цветаат околу еден месец и веќе на почетокот од април почнува да цвета тревата, која цвета некаде до август, а во одредени сезони сме наоѓале разни видови трева и во септември. Од друга страна, во овој период почнува да цвета и плевелот, како што се амброзијата, киселецот, тегавецот и пелинот. Чисто поленови зрнца може да се најдат сe до ноември, особено во зависност од климата и од присуството на сончеви денови. На почетокот од јуни почнуваат да цветаат доцноцветачките дрвја, како што се липата и багремот", објаснува проф. д-р Докиќ.
Во зимските месеци нема поленски алергии, но затоа, пак, тогаш се поактивни целогодишните алергени. Во групата целогодишни алергени спаѓаат алергените од микрокрлежите што живеат во домашната прашина, алергените од мувлата и алергените од крзното на домашните миленичиња, пред сe од мачките.
"Од целогодишните алергии, најприсутна е онаа на микрокрлежите во домашната прашина, кои ги има во душеците, перниците, теписоните, завесите, каучите, секаде каде што имаме некаков текстилен материјал. Овие микрокрлежи најчесто предизвикуваат симптоми во есенско-зимските и во раните пролетни месеци, бидејќи во тој период пациентите повеќе престојуваат во затворен простор. Штом почне сезоната на греење, со самата циркулација во просторијата, топлиот воздух ги раздвижува честичките прашина на кои се наоѓаат овие микрокрлежи и ги прават луѓето поекспонирани на овој алерген", вели проф. Докиќ.
Во Македонија, половина од пациентите со алергии страдаат од алергија на домашна прашина, а останатата половина од поленски алергии, а најмногу од алергија на трева.
Професор Докиќ нагласува дека треба да се прави разлика меѓу симптомите предизвикани од алергија на домашна прашина и симптомите предизвикани од физичко надразнување на слузокожата на носот од самата прашина.
"Не значи дека секој што кива во контакт со домашна прашина, има алергија на микрокрлежите што живеат во неа. Ако некој отвори стара книга или ако оди во подрум, каде што има многу прашина, може да почне да кива. Но тука треба да се разликува дали прашината се јавува како физички надразнител или како алерген. Прашината може да се јави како предизвикувач, која кај одредени луѓе може да предизвика симптоми по пат на иритација, а не по пат на алергиска реакција. Тоа може да се открие со тестирање преку кожни тестови, кои се златен стандард во дијагностицирањето на алергијата. Ако пациентот не покаже на тестот дека е алергичен на микрокрлежи од домашна прашина, тогаш индиректно заклучуваме дека тие симптоми се должат на механичка иритација на слузокожата на носот од прашина", вели проф. Докиќ.

Вториот целогодишен алерген од кој сe почесто страдаат пациентите е алергенот од мувлата, која ја има во домовите, подрумите, санитарните јазли во училиштата и во работните простории. Луѓето често не ја поврзуваат оваа состојба во својот дом со своите здравствени проблеми, сe додека на алерготестовите не се покаже дека го имаат токму овој вид алергија.
"Контактот со овој алерген бил подолготраен и затоа се развила алергиска реакција. Не може некој да е алергичен на некаков органски материјал, а да нема контакт. Алергијата настанува по повторувачки контакт со одредена супстанција што предизвикува алергија и ја викаме алерген. При првиот контакт со одреден алерген, нема да се јави алергиска реакција, туку само при повторувачки контакт", вели проф. Докиќ.
Алергенот од крзното на домашно милениче, пред сe од мачка, е еден од најсилните алергени, кој кај пациентите предизвикува проблеми и цела година по отстранувањето на миленичето од домот.
"Овој алерген е многу јак и може да предизвика појава на алергиски ринитис, па сe до астматски напад. Во вакви случаи, мачето треба да се отстрани од домот и да се даде на некој друг. Основното правило во алергологијата е ако е возможно тоа, да се спречи контакт на пациентот со алергенот. Алергенот од домашните мачки е толку јак, што една година откако ќе се отстрани мачката од домот и по неколку пати темелно чистење на домот, овој алерген е сe уште присутен во просторот каде што престојувала мачката. Тоа е доказ колку е јак овој алерген ", вели проф. Докиќ.
Алерголозите велат дека треба да се внимава со давањето дијагноза дека одреден пациент е алергичен, односно дека тоа прво треба да се докаже со кожни тестови, кои се златен стандард во алергологијата. Крвните тестови може да се направат, но тие секогаш не се докрај веродостојни. Тие се прават кај мали деца или кај луѓе чија кожа е иритирана и не може да направат кожните тестови.
"Според препораките од Европската академија за алергологија, има сет од 25 до 30 кожни тестови, кои покриваат 99 отсто од сите инхалаторни алергии и затоа се смета дека кожните тестови се златен стандард, преку кои може да се потврди или да се исклучи присуството на алергијата. Скоро сите групи на најважни алергени се застапени во овие тестови и ако не се покаже на нив дека пациентот има алергија, голема е веројатноста дека симптомите што се јавуваат кај пациентот не се резултат на алергија", вели проф. Докиќ.
Пациентите со алергија најпрво развиваат алергиски ринитис, со бистар, стаклест секрет и затнат нос. Се јавуваат чувство на јадеж во носот и кивање. Може да се јави и алергиска астма доколку болеста не се лекува, која е проследена со кашлица, отежнато дишење, замор, свирење во градите. Може да се јави и алергиски конјуктивитис со јадеж и со црвенило на очите, со солзење.
"Имавме пациентка што 40 пати во серија киваше, не можеше да запре. Ако се потврди алергијата со лекови, се дејствува на симптомите. Но ако сакаме да ја решиме алергијата, пациентот треба да прима специфична имунотерапија, која прво ги намалува симптомите и ја намалува алергиската реакција. Имунотерпијата го прекинува природниот тек на алергијата и се превенира пациентот да добие астма, а спречува пациентот натаму да развива алергија и на други алергени. Имунотерапијата трае три години, а ефектот од неа се чувствува потоа 10 години, односно пациентот нема никакви проблеми", вели проф. Докиќ.

Елица Ангеловска


Текстот е прочитан 2852 пати.
#
Министерот Нухиу најави оставка, бара одговорност и од други функционери во МВР
ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
Груевски: Насилството не е решение, насилниците ќе бидат изведени пред суд
За заедничка Македонија: Не оправдуваме никакво насилство, денеска им се случи народ на тие кои се обидоа да направат државен удар
Министорот Тодоров со екипите на брзата помош им помагаше на повредените
Стотина повредени на двете страни, приведени нема
Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Влатко Ѓорчев ги бранеа нападнатите колеги од СДСМ
Нухиу: Навреме беше формиран оперативен штаб, но полицијата не си ја заврши работата
Иванов со апел за смирување на тензиите и лидерска средба кај него
МВР за евакуирањето на пратениците од Собранието

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter