Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

19.03.2017, 14:44

ХАН ВО ИНТЕРВЈУ ЗА "ДОЈЧЕ ВЕЛЕ", ВО ПРЕСРЕТ НА ПОСЕТАТА НА МАКЕДОНИЈА

Медијаторството на Еди Рама е контрапродуктивно

Во Македонија, 75 проценти од граѓаните посакуваат членство во ЕУ. Оттука, тоа е добар совет за политичарите дека треба нешто да направат што ќе му помогне на тој процес. И тоа е мојот лост: ако не направите нешто, нема позитивна препорака. Тие мора да ги исполнат интересите на граѓаните во однос на ЕУ, вели еврокомесарот Јоханес Хан во интервју за "Дојче веле", во пресрет на посетата на Македонија.

Мешањето на албанскиот премиер Еди Рама, кој се јави како медијатор меѓу албанските политички партии при составувањето на платформата, Хан го оценува како контрапродуктивно:
"Сите ние кои сме долго во политиката, знаеме дека советите од соседството ретко се добро примени. Оттука, тоа е контрапродуктивно. За да се реши тоа, ќе биде потребно време".
Зголеменото мешање на Русија во македонската политика Хан го смета за дополнителен прилог во и онака нестабилната атмосфера.
"Тие нe лутат, но само толку", вели Хан во однос на Русија. "Не дека го игнорирам тоа, но и повикувам на поголема самодоверба. Мора да се соочиме со тоа".
Тој признава дека Русија ја влошува целата ситуација.
"Да, тоа е нестабилност. Тука не треба да се залажуваме. Тоа се продуцира и од трети сили, од најразлични страни и канали. Но тоа е само дополнително подгревање на веќе постојната нестабилност, која е од домашно производство".
Хан потенцира дека стабилноста на Балканот е од "огромно значење" за ЕУ, поради неговата геостратешка позиција. Без оглед каква ќе биде идната улога на новата американска администрација во регионот, комесарот вели дека ЕУ ќе ја преземе раководната улога.
"Тоа позитивно го прифатија и Американците. Веќе имаше ситуации, како што е случајот со Македонија, исто како и во Албанија, каде што тоа функционираше под наше раководство".
Зголемената одговорност на ЕУ за регионот, вели Хан, не само што е добредојдена туку "ова што го правиме сега, требаше да го направиме уште пред многу години".


Текстот е прочитан 871 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter