Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

10.03.2017, 13:40

ЖЕРАРД ПИКЕ ПО ЧУДЕСНАТА ПОБЕДА НАД ПСЖ ОД 6:1

Вечерва ќе се зачнат многу деца во Барселона

Барселона го направи најчудесниот пресврт во историјата на Лигата на шампионите постигнувајќи три гола во последните седум минути, за да го совлада ПСЖ со 6:1.

Тоа ја одведе во рекордното десетто едноподруго четврт-финале, во ситуација кога сите статистики и прогнози, целата историја, беа свртени против неа.
- Болниците би требало да вработат повеќе медицински сестри за едно девет месеци. Во Барселона оваа вечер ќе се води многу љубов. Не знам како ќе го преживеам ова чудо - воодушевено кажа Жерард Пике.
Барселона не само што мораше да надомести негатива од четири гола туку работата двојно $ се усложни откако Кавани намали на 3:1 во 62. минута. По два брзи гола на Нејмар (88' и 90'), ПСЖ требаше само да го преживее судиското надополнување, кога врз голманот Тер Штеген беше направен фаул, а резервистот Серхи Роберто $ избега на одбраната по слободниот удар во 95. минута.
- Оваа победа им ја посветувам на сите оние што ја загубија вербата по поразот од 0:4. Ова не е Харлем глобтротерс, ова е фудбал. Ние не престанавме да веруваме. И откако примивме гол, бевме импресивни. Многу ризикувавме и се исплатеше - изјави пресреќниот тренер Луис Енрике по јубилејната 300. победа на Барселона во ЛШ.
Разочарувањето и шокот во таборот на ПСЖ тренерот Унај Емери се обиде да ги надмине со размислувањето дека некои судиски одлуки биле на нивна штета.
- Факт е дека пропуштивме навистина неверојатна шанса. Првото полувреме беше наша грешка, не направивме ништо со топката и предлабоко се браневме. Судиските одлуки беа против нас и загубивме сè во последните минути. Барселона е способна за вакви работи, отиде на сè или ништо - кажа Шпанецот на клупата на парижаните.
Во сенка на спектаклот на "Камп ноу", Борусија Дортмунд наплати за сите промашувања во Лисабон и ја прегази Бенфика со 4:0, благодарение на хет-трикот на Пјер-Емерик Обамејанг.


Текстот е прочитан 806 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter