Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

21.03.2017, 13:32

НА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА

И Советот на Центар изгласа стопирање на улицата на Кеј 13 Ноември

Советот на Општината вчера на вонредна седница ја изгласа одлуката која го утврдува новиот изглед на Кејот во кој нема сообраќајница на местото на летните тераси

Со посебна програма за изглед на урбаната опрема на Кеј 13 Ноември, Општина Центар ќе ја оспори изградбата на улица среде шеталиштето. Советот на Општината вчера на вонредна седница ја изгласа одлуката која го утврдува новиот изглед на Кејот во кој нема сообраќајница на местото на летните тераси. Програмата предвидува клупи, корпи и зеленило на Кејот. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ беше против одлуката за нов изглед на урбаната опрема.
"Програмата е нецелосна, недостасуваат информации и не гледам како оваа програма е поврзана со улицата на Кејот. Ние комплетно стоиме на страната на интересите на граѓаните, ако тие не сакаат улица, улица нема да има. Градоначалникот имаше четири години да го смени ДУП Мал ринг, но не го стори тоа, а сега на истек на мандатот набрзина ни нуди некоја нецелосна програма за уредување", рече советникот Илија Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ, а останатите пак замерија дека при носење каква било програма Советот треба да води сметка на Кејот да има непречен пристап за Брза помош и за пожарни возила.



Градоначалникот Андреј Жерновски на ваквите обвинувања одговори со објаснување дека не било возможно да направат измена на планот "Мал ринг" и да ја избришат надземната улица, бидејќи институциите не им ги давале потребните информации.
"Оваа седница е за да најдеме начин да ја стопираме улицата на Кеј 13 Ноември. Ние не направивме измена на планот 'Мал ринг' затоа што не можеме да добиеме решение од конзерваторите, Катастарот не ни дава геодетски основи и воопшто не можеме да почнеме да работиме на измени", рече градоначалникот Жерновски.
На седницата присуствуваа и претставници на кафеанџиите на Кејот кои во саботата се спротивставија на изградбата на улицата.
"Не се согласуваме на Кејот да се гради улица. На Кејот и сега има пристап за возила на Брза помош и пожарна и за дотур на стока. Сите сме сведоци колку брзо се вози низ градот, ако се стави ограничување од 10 километри на час, тогаш ќе се вози 50. Кој ќе ја гарантира безбедноста ако на Кејот се изгради улица", рече Мануел Тасевски од Здружението на угостители. (М.И.П.)


Текстот е прочитан 1586 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter