Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

19.03.2017, 12:11

Обновено - Напаѓачот на парискиот аеродром викал „Ќе умрам за Алах!“

Радикалниот муслиман кој денес нападна војници на парискиот аеродром Орли носел канта безин и викал дека „ќе умре за Алах“, објави парискиот обвинител Франсоа Молан.

Според војниците кои биле сведоци на нападот, тој ? вперил воздушен пиштол во главата на војничката и викнал: „Фрлете го оружјето. Ставете ги рацете зад главата. Тука сум за да умрам за Алах. Вака или онака, ќе има мртви“.

Но, тие припукале и го убиле напаѓачот кого Молан го идентификуваше како Зеид бен Балгаце. Обвинителот додаде дека во поврзаност со инцидентот биле уапсени три лица.

Молан кажа дека е отворена терористичка истрага, поради изборот на метата и доказите дека Белгацем бил радикализиран.

Беноа Брулон, портпаролот на француските антитерористички сили, изјави дека војничката е во добра состојба.

Во разговор за телевизијата БФМ тој откри дека припадничката на воздушбите десантни сили паднала на подот додека се борела со својот напаѓач.

„Тогаш нејзините колеги припукале за да ја заштитат неа и луѓето во близина“, кажа Брулон.

Полицијата ги привела братот и таткото на напаѓачот, соопштија судски извори, истакнувајќи дека тоа е рутина во вакви ситуации.

Западниот терминал на аеродромот Орли повторно бил отворен попладне, а јужниот терминал каде што се случил нападот е делумно затворен, соопшти управата на аеродромот.


Текстот е прочитан 545 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Субару ИксВ" им пркоси на европските СУВ-модели
Јапонскио производител ја претстави новата генерација на "Икс В", но надво...
"Фијат 500 мирор": За родените во 80-те на минатиот век
Освен обележувањето на 60-годишнината од појавувањето на "фијат 500", или ...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter