Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

16.01.2017, 13:11

НАЈТРОФЕЈНИОТ КЛУБ ВО ИСТОРИЈАТА НА НФЛ Е УНИКАТЕН

Грин Беј е во сопственост на 360.584 навивачи

Грин Беј Пекерс, кој синоќа се бореше за пласман во финалето на дивизијата во НФЛ, е најтрофеен клуб во историјата на американскиот фудбал со 13 титули, еден од трите најстари (основан 1919 година) и најпопуларни, трофејот на Супербол го носи името по нивниот славен тренер и за разлика од останатите екипи кои имаат максимално 32 сопственици, тие се наоѓаат во рацете на 360.584 навивачи.

Пекерс се единствениот тим во светот кој не е во сопственост на тајкун, бизнисмен, индустријалец или корпорација, туку во рацете на народот кој го сака и дише за него.
Ниту еден од овие 360.584 навивачи не смее да има повеќе од 200.000 акции што е 4% од нивниот вкупен број, а токму поради оваа политика клубот со најмал ТВ-пазар во САД опстана цел век.
Во случај некој да го купи клубот, сите пари ќе мора да бидат вложени во добротворната организација на самиот тим поради што не постои никаков финансиски интерес за исселување од Грин Беј. Акционерите немаат исти права како класичните сопственции на акции во светот: тие не примаат дивиденда, своите акции можат да ги продадат само назад на Пекерс по цена пониска од платената за нив, не добиваат сезонски карти ниту други привилегии освен тоа што имаат право на глас на собранието и право на купување на реквизити резервирани за нив.



Акциите се купуваат така што компанијата "Грин Беј Пекерс инк." објавува сет на акции со кои се собираат пари за работење, но ова се случило само пет пати во историјата.
Побарувачката за акции секогаш ја надминува понудата. Кога пред четири години беше објавена продажба на нови 250.000 акции по цена од 250 долари за една, нивниот број мораше да биде зголемен за 19.000 за да ги испратат до сите заинтересирани 50 американски сојузни држави како и во Канада. Ова беше направено поради собирање на 143 милиони долари вложувања за проширување на стадионот "Лембо Филд".
Ваквата сопственичка структура е во директна колизија со лигашките правила според кои бројот на газди се ограничува на 32 по тим со тоа што еден мора да држи во рацете минимум 30% од акциите. Во случајот на Пекерс кога ова правило беше донесено, се примени клаузулата по која старото правило продолжува да важи додека новото се применува на идните случаи.
Без оглед на структурата и како игра, секој меч на Грин Беј е распродаден во континуитет од 1960 година.
Пекерс ја имаат една од најдолгите листи на чекање за сезонски карти во свето на која се наоѓаат моментно 86.000 луѓе што е повеќе од бројот на места на нивниот стадион. Просечното време на чекање е 30 години, но бидејќи годишно се враќаат само 90 влезници, оној кој сега ќе се пријави ќе дојде на ред за 955 години. Поради тоа сезонските влезници се пренесуваат од колено на колено, а новороденчињата веднаш по излегувањето од матката се запишуваат на листата на чекање.


Текстот е прочитан 707 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Граѓаните бараат избори за излез од кризата - 57-ми ден протести на „За заедничка Македонија“ (Фотогалерија)
Граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА денеска по 57-ми пат од пр...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter