Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

31.03.2017, 13:12

ХРИСТИНА ДЕСПОТОВСКА, ДИЗАЈНЕР

Избегнете го сето она што е сјајно

Драги мои млади фраери,

Матурската вечер е момент кога сите сакате да се покажете во најубаво, најоригинално изданиее Ова се моите совети (професионално и од искуство, нели?).

Зачувајте ја класиката, зачувајте ја безвременоста, зачувајте ја естетиката и, нормално, искористете ја младоста.
Избегнете го сето она што е сатенско, сјајно, јак дречлив колорит, пластичен изглед и неудобност.
По милионити пат ќе се повторам: иако многумина мислат дека се умешни во комбинирањето парчиња гардероба, комбинирањето бои и дека изгледаат модерно така, реално, помалку од 10% навистина го прават тоа како што треба. За храбро експериментирање, прво се потребни добра едуцираност, талент и искуство. Затоа, никако не експериментирајте со себе за вечерта што доживотно ќе ја паметите. Најсигурна опција секогаш се црно сако, совршено скроени панталони и бела или црна кошула (вратоврската и не е задолжителна на ваши години). Може евентуално да играте со фармерки, никако искинати (иако се во мода, сепак, има код на облекување) и долу наместо класични чевли, дозволени се патики. Сепак, ќе има време кога ќе морате да носите чевли. Многу добро може да изгледате доколку додадете мал детаљ, како марама или марамче во боја што одговара на комбинацијата на вашата партнерка за таа вечер. Верувајте дека, иако, можеби, црно-белата комбинација звучи досадно, сепак, е нешто што со сигурност ќе ве направи најубави и најразлични вечерта.
Секако, за да изгледате убаво, не е најбитна гардеробата, многу побитни се здравиот изглед и вашиот шарм, кои само вие може да ги изградите почнувајќи сега.
За оние што, сепак, ќе сакаат да направат нешто поразлично со својот изглед, задолжително да се консултираат со стилист или со одговорно лице во некои од бутиците.


Текстот е прочитан 674 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter