Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

16.12.2016, 13:32

ПО ТРАНСФЕРОТ ОД ДРАМСКИ НА ДРАГАН СПАСОВ

"Тартиф" нов почеток за Дац во МНТ

Актерот Драган Спасов - Дац во вторник ќе ја има првата премиера во Македонскиот народен театар, по преминувањето од неговата долгогодишна матична куќа Драмски театар.

Претставата "Тартиф" од Молиер на бугарскиот режисер Галин Стоев, премиерно се игра во вторник и в среда од 20 часот, а Спасов ја игра насловната улога.
На вчерашниот прес, актерот истакна дека е задоволен од неговата прва улога во МНТ , од приемот од ансамблот и од работата со Стоев, како и од тоа што, по 23 години, на сцената е повторно со својот колега и другар од студентските денови Ѓорѓи Јолевски.
"Единствено што ми беше напорно беше работата на текстот во стих", додаде Дац.
Јолевски, кој го игра Оргон, рече дека е секогаш убаво да се обновуваат големите драмски дела во ново руво и во духот на сегашноста, потсетувајќи дека претходниот "Тартиф" на МНТ е од средината на 1980-тите. Пред десетина години, тој ја играл улогата на Тартиф во претстава на Штипскиот театар.



" Овој пат го играм Оргон. Две целосно различни претстави и два различни пристапа. Да се биде од другата страна, од страната на лекомислениот или заблудениот Оргон кој, во суштина, е доста празен, рамнодушен и без чувства, како и секој политичар и бизнисмен на современоста, кој се обидува преку Тартиф да дојде до нешто суштинско", рече Јолевски.
Според директорот на МНТ Дејан Пројковски, "Тартиф" е меѓу капиталните дела на театарската литература.
"Тоа е текст со кој режисерот и театарот што го поставува ја тестира својата зрелост", рече Пројковски, додавајќи оти било предизвик "Тартиф" да го работи Стоев, кој во 2014 ја постави оваа претстава во "Комеди франсез" во Париз.
Во претставата играат и Даница Георгиевска, Владимир Јачев, Тања Кочовска, Дарја Ризова, Оливер Митковски, Катина Иванова, Никола Ацески, Александар Микиќ, Кире Ѓоревски и Тања Ивановска.
Сценограф е Венелин Шурелов, костимите се на Елица Георгиева, а композитор на музиката Саша Карлсон од Белгија.

(К.Р.)
Фото: МИА


Текстот е прочитан 753 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Црвениот килим на Греми 2017
ИЗЛОГ
Вино
Пишува Лејла САБИТ - Скапо, евтино или наливно......

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter