Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

23.01.2017, 13:27

НБА

Сан Антонио среде Кливленд покажа дека е фаворит за титулата

Сан Антонио му покажа на Леброн Џејмс дека освен Голден Стејт, актуелниот првак Кливленд ќе има уште еден многу сериозен ривал за титулата во НБА.

Тимот на искусниот лисец Грег Попович го доби дербито со Кливленд по едно продолжение со 118:115 благодарение на Кави Ленард кој стигна до рекордни во кариерата, 41 поен зачинети со шест скока и пет асистенции. Ламаркус Олдриџ со 16 поени и 12 скока го следеше Кави, а Леброн Џејмс и Кајри Ирвинг постигнаа по 29 коша за домашниот тим.
Хјустон го порази Мемфис со 119:95, а Џејмс Харден имаше скромен ефект од 29 поени, 10 асистенции и шест скока. Марк Гасол со 32 коша го водеше Мемфис.



Денвер го декласираше ЛА клиперс со 123:98 и по којзнае којпат сезонава за тоа најзаслужен беше Никола Јокиќ кој стигна до 19 поени и 10 скока.
Маркус Морис со кош во последната секунда му донесе победа на Детроит над Вашингтон од 113:112. Тој беше и најефикасен со 25 поени и 11 скока.
РЕЗУЛТАТИ: Атланта-Филаделфија 110:93, Шарлот-Бруклин 112:105, Мајами-Милвоки 109:97, Њујорк-Феникс 105:107, Чикаго-Сакраменто 102:99, Јута-Индијана 109:100, Бостон-Портланд 123:127 (прод.)


Текстот е прочитан 716 пати.
#
Исланд го погоди бејби бум девет месеци по ЕП
Харден го доби дуелот со Вестбрук
Вињалес со триумф дебитираше за Јамаха
Карлеуша и Тошиќ во турско реално шоу
На Кливленд му виси првото место на Истокот
Чудесниот Буфон и уште почудесната Италија
Фетел го надмудри Хамилтон и го прекина постот на Ферари
Ова е најубавиот начин да се каже "збогум"
Вестбрук оствари трипл-дабл без промашување
Игуана прекина меч, па направи селфи со Хас

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter