Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

14.02.2017, 11:46

Остро писмо до Бејли: Сенаторот Ли бара одговори од американскиот амбасадор за вмешаноста на Сорос

Мајк Ли, сенатор од сојузната американска држава Јута, му испратил писмо на американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, а во кое бара разјаснување на: асистенцијата на мисијата при формирањето нова влада во земјава, вмешаноста на Фондацијата „Отворено општество“ на Џорџ Сорос и спроведувањето на програмите на УСАИД.

Сенаторот Ли, чие писмо е од 17 јануари годинава, очекува одговор од Стејт департментот и се надева дека новата администрација ќе бара службениците на извршните органи да сносат одговорност за тоа како се трошат парите од даноците.

Го пренесуваме текстот од писмото во целост:

Почитуван амбасадоре Бејли,

Вие сте свесен дека Сенатот на САД игра огромна улога, не само во надзорот на Конгресот, кој превенира губиток, измама и злоупотреба на американски средства, но исто така и низ надворешни политики и разгледување договори, како и потврда за индивидуи на високи позиции.

Земајќи ги предвид овие одговорности, би сакал да започнам со испитување на мисијата на САД во Македонија и нејзината улога како надворешен соработник во активната и бурна македонска политичка сцена и во формирањето на македонските медиуми и граѓанско општество. Важно е овој народ, кој брои 2,1 милиони и кој живее во еден историски турбулентен регион, да продолжи да се развива во присуство на што е можно помалку надворешно политичко влијание.

Ова е критичен период за Македонија додека новоизбраните функционери се во преговори за нова влада по предвремените парламентарни избори кои конечно се случија во декември минатата година. За жал, добив кредибилни информации дека во последните неколку години мисијата на САД во Македонија активно била инволвирана во партиските политики на Македонија, како и во формирањето на нивните медиуми и цивилно општество, најчесто преку фаворизирање на една партија наспроти друга. Сметам дека овие информации се обесхрабрувачки, а доколку се вистинити, и многу проблематични.

Во тој поглед, учтиво Ве замолувам да одговорите на следните прашања:

1. Ве молам опишете ја улогата што Вие и други лица поврзани со американската мисија во Македонија ја имавте во разговорите кои доведоа до закажувањето на парламентарните избори на 24 април, 2016 година; Разговорите што доведоа до одложувањето за 5 јуни; и Одложувањето на парламентарните избори за 11 декември. Се надевам дека во овие разговори сите партии беа подеднакво консултирани.

2. Дали американската мисија во Македонија ги одбра фондациите „Отворено општество“ за главен реализатор на УСАИД-проектите во Македонија? И дали Македонците сметаат дека фондациите „Отворено општество“ се политички пристрасни? Во однос на ова, би Ви бил благодарен доколку би можеле да ми дадете повеќе информации за процесот на вреднување на проектите и потребите на Македонија, од страна на американските службеници во државата, пред да се напишат барањата/повиците за предлози и пред да се одберат добитниците на грант или реализаторите на програма.

3. Колку медиуми во Македонија добиле финансии од владата на САД и како се викаат истите? Дали сте презеле нешто за да влијаете врз операциите на овие или, пак, некои други медиумски организации? Ако да, што и зошто?

Иако Македонија е мала земја, го ценам блискиот однос меѓу САД и Македонија кој се формираше во текот на 25. години од постигнувањето на нејзината независност. САД го почитува политичкиот и економскиот развој на Македонија и го цени придонесот на Македонија во многу од приоритетите на нашата надворешна политика. Се надевам дека додека нашата држава доживува промена на власта, ќе успееме да одржиме позитивно и непристрасно пријателство каде што поголеми приоритети ќе бидат заедничките интереси, а не политичките агенди.

За да успееме во тоа, мора да ги одбегнуваме нештата кои би се виделе како тенденции кон идеолошки империјализам и мешање во природниот, демократски развој на една држава.

Се надевам дека ќе добијам точен и навремен одговор на овие прашања, не повеќе од две недели од датумот на писмово. Исто така, би било убаво доколку се состанеме за да ги дискутираме овие работи следниот пат кога ќе бидете во Вашингтон.


Текстот е прочитан 1629 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

58-ми ден протести за иднината на Македонија (Фотогалерија)
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter