Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

05.03.2017, 15:23

ПРИТВОРЕН РАЗБОЈНИК ОД ДЕЛЧЕВО

Ќе го убиел за 100 денари

Делчевец ќе убиел вработен на бензинска пумпа на "Макпетрол"во Скопје за 100 денари, заканувајќи му се со пиштол.

Тој е уапсен од единицата "Алфа", непосредно по извршеното разбојништво. Како што информираа од МВР, станува збор за 24- годишниот В.И. (24) од Делчево, кому судија во претходна постапка му одредил мерка притвор во траење од 30 дена.
В.И. разбојништвото го извршил на 1. овој месец, околу 02:45 часот на улицата "Никола Карев", поточно на бензинската пумпа на "Макпетрол" АД Скопје. Пред да одлучи да го нападне вработениот, тој купил пиштол од Бит-пазар и го скрил во еден камион, паркиран во непосредна близина на бензинската пумпа. Вечерта дошол и, откако го зел пиштолот од камионот, ја ставил маската на лицето и се упатил кон вработениот. Со закана со пиштол кон него, му наредил да му ги даде парите од прометот кои ги носел во чантата. Тој, исплашен за својот живот, ја отворил чантата, со цел да му ги даде, но осомничениот сам посегнал и ги извадил парите во износ од 100 денари, по што избегал во правец на железничката станица. Вработениот побарал помош од единицата "Алфа", чии припадници во тој момент биле во внатрешниот дел од објектот на бензинската пумпа. Тие почнале да го бркаат, и по кратко време успеале да го стигнат и совладаат, по што го привеле полициската станица Центар каде што во детали го признал делото.


Текстот е прочитан 4512 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter