Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

11.01.2017, 13:21

Повреден пешак од тетовско Слатино

Педесет и четири годишен пешак од тетовското село Слатино здобил телесни повреди откако вчера наутро во него удрило патничко возило „Рено 4“, управувано од 54-годишен жител од Милетино.

Според Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово, несреќата се случила околу 6:30 часот на крстосницата меѓу регионалните патишта Тетово - Јажинце и Лешок-Желино.
Пешакот со истото возило бил пренесен во тетовската клиничка болница и е задржан на лекување. Увид на местото е извршен, се утврдуваат причината и околностите во кои се случила незгодата.
Во декември лани на пошироките тетовски простори се случиле 62 сообраќајни несреќи или 10 помалку во споредба со истиот период 2015-та. Во две несреќи две лица го загубиле животот, а декември 2015 имало една човечка жртва. Четири несреќи завршиле со тешки телесни повреди, 21 со лесни и 35 само со материјална штета од над четири милиони денари или скоро милион повеќе.
Најголемиот број од несреќите се случиле на тетовските улици, во вторник, во периодот меѓу 14 и 16 часот.
Во овој период, полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово вкупно исконтролирале 4.287 возила при што биле откриени 1.557 различни видови прекршоци. Законски се санкционирани 557 прекршочни, 563 мандатни платни налози и 416 писмени опомени.


Текстот е прочитан 318 пати.
#
Татко ја силувал 24-годишната ќерка
Со боксирач претепал Црногорец поради девојка
За 19 дена во Гевгелија опожарени 18 оџаци
Пронајден починат маж во Скопје
Изгоре автомобил во скопската населба „11 Октомври“
Подготвително рочиште за „Тврдина 2“
Опожарена куќа во Битола од плинска боца
Пожар во село Бачишта, цело семејство остана на улица
Жена се задушила од јаглен моноксид во Прибилци
Во пожар изгоре семејна куќа во Штип

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Фотографиите од сексапилната албанска поп пејачка Ени Кочи уриваат рекорди на Интернет
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Варени јаболка со пудинг
Приготвување: јаболката измијте ги, излупете ги и ставете ги во половина л...
Site Meter