Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

08.01.2017, 16:56

НАМАЛЕНОТО ПРОИЗВОДСТВОТО НЕМА ДА ЈА МАКСИМИЗИРА ЦЕНАТА

НБРМ: Нафтата годинава околу 57 долари за барел

Народна банка не очекува растот на цената на нафтата да предизвика поголеми притисоци врз инфлацијата или врз билансот на плаќања

Народна банка очекува раст на цената на нафтата годинава и во 2018 година. "Најновите пазарни очекувања за цената на нафтата за 2017 и 2018 година покажуваат раст на цената и просечно ценовно ниво од околу 57 американски долари за барел нафта од типот брент. И покрај зголемувањето на цената, сепак, ова ниво е значително пониско во однос на периодот 2011-2013 година, кога цената на нафтата ја надмина границата од 100 американски долари", велат од Народна банка.
Сепак, анализите на Централната банка на Македонија не упатуваат на поголемо инфлаторно влијание на поскапата нафта.
"Иако растот на цената на нафтата, секако ќе дејствува врз домашните цени на енергенсите и домашната инфлација, како и врз зголемување на вредноста на увозот, сепак, засега не се оценува дека е со силина да предизвика поголеми притисоци врз инфлацијата или врз билансот на плаќања", објаснува Народна банка.
Периодот на евтина нафта, според Народна банка, имаше исклучително поволно влијание.


"Од аспект на НБРМ, ниската цена на нафтата ја намали вредноста на увозот на нафта, а со тоа и енергетскиот дефицит на македонската економија, и овозможи намалување на одливот на девизи надвор од домашната економија за увоз на енергенси. Ниската цена секогаш е добредојдена за економии како нашата, кои се нето- увознички на енергенси" додава Банката.
По ноемвриската одлука на земјите извознички на нафта организирани во ОПЕК, на која се придружија и други држави, за намалување на производството, пораснаа очекувањата дека цената на нафтата ќе отиде над 60 долари за барел. Според Меѓународната агенција за енергетика, резот од околу 1,2 милиона барели дневно треба да резултира со баланс меѓу понудата и побарувачката на почетокот на 2017. Но има и аналитичари кои укажуваат дека сè уште има милион барели дневно поголема понуда од побарувачка и оти по пикот во првата четвртина од 2017, на крајот од годината цената ќе заврши со под 50 долари за барел, а потоа во 2018 ќе падне под 40 долари за барел. (А.С.)


Текстот е прочитан 520 пати.
#
Груевски за косовски „Експрес“: Мојот став за Албанците и улогата на Сорос во Македонија
Одлуката на Јанева е потврда дека Заев е фатен во криминал
„Стоп операција Сорос“: Фондацијата на Сорос нема врска со граѓански сектор
ВМРО-ДПМНЕ: За секој сторен криминал Заев ќе биде казнет
Нова група словачки полицајци во зедничка патрола на границата со Грција
МНР бара корекција на именувањето на Република Македонија од државните органи на Србија
Земјоделците бесплатно имаат на располагање 27 проекти за изградба на фарми и насади
ФЗОМ: Зголемена потрошувачката и достапноста на лекови во 2016 година
Пријавување за бања и бесплатен викенд за пензионери
Европратениците бараат ЕУ итно да ги отсели бегалците од Македонија, Грција и Србија

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Фотографиите од сексапилната албанска поп пејачка Ени Кочи уриваат рекорди на Интернет
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Варени јаболка со пудинг
Приготвување: јаболката измијте ги, излупете ги и ставете ги во половина л...
Site Meter