Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

27.11.2016, 14:48

Диета и фитнес

Во здраво тело, здрав дух

Бавен метаболизам!

Доколку сте биле жилав тинејџер кој се претворил во фино пополнета возрасна личност, голема е веројатноста за тоа да сте си нашле оправдување.

Исто така, ако вашите одлуки да изгубите телесна тежина неславно пропаднале, сигурно и за тоа сте нашле некое прифатливо објаснување. Но, доаѓа време кога треба да завладеете со своите изговори. Со некои совети ќе ви помогнеме да разјасните дали имате вишок килограми поради околностите или затоа што сами така сте избрале. Исто така, ќе ви дадеме и решение како да се справите со вашите оправдувања.
Изговор бр.1- Имам бавен метаболизам. Оправдување: Ви се чини дека не јадете ништо повеќе од вашите пријатели, но додека тие се во форма, вие се дуете.



Суровата вистина: Базалниот метаболизам претставува износот на калории потребни на телото за нормално да функционира - дишење, одржување на температурата, движење на крвта... Да, постојат неколку нарушувања кои можат да влијаат врз капацитетот на телото да ја потроши внесената енергија и да ја складира во форма на масти - како Кушинговата болест или хипотироидизмот, но е малку веројатно да го имате заболувањето, а притоа да немате други симптоми. Враќање во реалноста: Разликите во базалниот метаболизам кај две личности на иста возраст се занемарливи. Колку сте покрупни, толку повеќе се забрзува метаболизмот за да успее да ја опслужи целата површина на телото. Ако некое време редовно внесуваме некоја екстра калорија како, на пример, да додаваме екстра лажичка шеќер во кафето, може сериозно да се одрази на нашата тежина. Количеството вишок храна која треба да ја изедете да се здебелите е мала, скоро немерлива на дневна база. Затоа две лица кои навидум јадат исто, можат да изгледаат многу различно. Што да направите? Иако има начини да го пресметате вашиот базален метаболизам, заборавете на тоа. Дури и ако согорувате калории малку побавно од некој друг, во тој случај би јаделе малку помалку. Затоа водете се според апетитот, а не според навиките. Заклучокот е дека доколку две недели пиете само вода, ќе ослабете без разлика на вашиот метаболизам. Тоа не значи дека треба да ја примените споменатата метода, туку дека слабеењето зависи исклучиво од вас.


Текстот е прочитан 2582 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter