Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

24.01.2017, 13:00

ИВАНКА ТРАМП И ПРЕКУ СТИЛОТ ЌЕ ШИРИ ВЛИЈАНИЕ ВО БЕЛАТА КУЌА

Првата ќерка како прва дама

Се поставува и прашањето дали првата ќерка ќе стане де факто прва дама, особено имајќи предвид дека Меланија Трамп планира да остане во Њујорк сега-засега

САД - Благодарение на важната стратешка улога што ја одигра во изборната кампања на татко си, сите погледи се вперени во Иванка Трамп откако Доналд влезе во Белата куќа. Се поставува и прашањето дали првата ќерка ќе стане де факто прва дама, особено имајќи предвид дека Меланија Трамп планира да остане во Њујорк сега-засега.
Еден индикатор за тоа како ќе се одвива улогата на Иванка сега, откако заедно со сопругот Џеред Кушнер се сели во Вашингтон (тој ќе има официјална функција на советник во администрацијата на Трамп), е преку стилските избори што ги направи за инаугурациската свеченост и за другите прослави изминативе неколку дена.
Со изборот на три комбинации на "Оскар де Ла Рента" и со свечената тоалета за инаугурацискиот бал на "Каролина Херера", Иванка, која, исто така, присуствуваше на првата средба на татко си со странски лидер, јапонскиот премиер Шинзо Абе, испрати јасни стилски сигнали дека нејзината улога во Белата куќа, иако уште е недефинирана, ќе биде круцијална.
Сепак, Каролина Херера и Оскар де Ла Рента се имиња што редовно се поврзуваат со стилот на првата дама.
Де Ла Рента има врска со оваа титула уште откако го креираше портокаловиот фустан со панделка за Џеки Кенеди за нејзиното патување во Индија, во 1962 година. Иако Де Ла Рента почина во 2014 година, откако ја креираше инаугурациската тоалета за Хилари Клинтон и неколку комбинации за Лора Буш и за Ненси Реган, поврзаноста на брендот со првата дама продолжи веднаш со неговиот наследник, Британецот Питер Копинг (кој оттогаш даде оставка), кој ја облече Мишел Обама за нејзината посета на Велика Британија во 2016 година, за 90. роденден на кралицата.



Каролина Херера, пак, е уште едно дизајнерско име што традиционално се поврзува со првата дама: дизајнерката со американско-венецуелско потекло е позната по своите дамски креации што ги носеле Мишел Обама, Џеки Кенеди (по годините во Белата куќа), Ненси Реган, Лора Буш, Хилари Клинтон и војвотката од Кембриџ. Таа ја креираше инаугурациската тоалета со златен тил за Иванка, креација што потсетуваше на свечен фустан за каков што сонуваат сите девојки што сакаат да бидат принцези.
Портпаролот на "Оскар де ла Рента" само потврди дека Иванка Трамп е долгогодишна клиентка на модната куќа кога "Асошиетед прес" прати прашања во врска со комбинацијата што ја носеше ќерката на претседателот.
Првата ќерка на нацијата ги почна инаугурациските свечености облечена во зелено палто и во фустан во истата боја, тесен во горниот дел, со лелеаво здолниште, и во светлорозови салонки. Светлата нијанса што потсетува на оптимизам и на пролет, беше стратешки потег на бизнисменката со цел да внесе чувство на позитивност на свеченоста, имајќи предвид колку победата на татко $ ја подели јавноста. На вечерата со донаторите, Иванка носеше класична елегантна црно-бела тоалета на "Оскар де Ла Рента".
За самиот чин на инаугурацијата Иванка избра целосно бела комбинација со широки панталони и со палто со скалест крој, за која многумина коментираа дека е омаж за движењето на суфражетките. Иако татко $ нема најдобра репутација кога станува збор за неговото почитување на правата на жените и на родовата еднаквост, мисијата на Иванка е да им помага и да ги инспирира жените што работат, тоа е основата на која ги изгради својата модна линија и темата на својата нова книга "Жени кои работат".
Таа, исто така, вети дека ќе лобира кај татко си за измена на законот за социјална грижа за да може мајките полесно да се вратат на работното место, а нивните деца да бидат згрижени.
Облечена во дизајнерска креација, со едногодишниот син Теодор во едната рака и со петгодишната ќерка Арабела до себе, 35-годишната Иванка Трамп покажа како изгледа модерната мајка.


Текстот е прочитан 4261 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter