Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

17.08.2016, 14:21

АВИОНИ

ЕДЕН ДЕН СО ПРИПАДНИЦИТЕ НА ДРЖАВНАТА АГЕНЦИЈА ЗА АЕРОДРОМСКО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО САД

Зошто затајува безбедноста на аеродромите

САД (АП) - Покривајќи ги ушите, 192 идни припадници на аеродромското обезбедување гледаа како Лери Колбурн го детонира пластичниот екплозив како тој што го носеше бомбашот во неуспешниот обид да го разнесе авионот на Божиќ, 2009 година.

Силната екплозија беше придружена со црн и сив чад.
Низ воздухот се ширеше бран од експлозијата што стигна и до гледачите.
Колбурн, поранеше командир на специјалната единица за бомби во полицијата на Мемфис, им покажа на присутните дека многу мала количина од експлозивот ПТЕН може да предизвика огромна штета.
"Ова ми ги отвори очите", рече Бетси Буено.
"Ова ве тера да сакате да ја работите оваа професија."
Буено ќе стане член на Агенцијата за безбедност на транспортот, агенцијата што е одговорна за заштита на патниците од тероризам.
Многу патници ја поврзуваат Агенцијата за безбедност на транспортот со непријатниот рачен претрес.
Критичарите велат дека агенцијата е присутна на аеродромите, но не прави многу за бебзедноста при патувањето со авион.
Скенирањето имало слаби резултати минатата година, вклучувајќи ги лажните оружја и бомби што не ги забележале за време на проверките.
Агенцијата има недостиг на персонал, слаб морал и големи приходи.
Питер Нефенџер, шестиот и актуелен администратор на агенцијата, сака да ангажира поголем број ентузијасти како Буено, подобро да ги обучи, а исто така повеќе да ги користи и кучињата-трагачи на бомби за да се подобри успехот на агенцијата.
Почнувајќи од јануари, речиси сите новоангажирани припадници имаа двонеделна обука во федералното седиште во Џорџија.
Агенцијата за безбедност на транспортот неодамна отвори ново претставништво во Тексас за обука на поголем број кучиња во детектирањето бомби.
Агенцијата за безбедност на транспортот беше формирана по терористичките напади во спетември, 2001 година.
Од основањето на агенцијата, припадниците беа обучувани за работа на аеродромите ширум државата.
Нефенџер одлучи обуката да ја централизира и стандардизира во поранешната поморска воздушна станица Глинко што ја користат уште повеќе од 90 други агенции за спроведување на законот.
Агенцијата соопшти дека за патување и сместување во станицата Глинко за време на обуката што трае девет дена, троши по 2.400 долари за секој припадник кој е дел од обуката.
"Кога ги носиме овде во академијата, внимаваме сите пријавени да ја имаат истата обука и да поминуваат низ истите процедури", вели Даглас Јејтс кој работел на меѓународниот аеродром во Палм Бич (Флорида), а сега е инструктор во центарот во Џорџија.
Во центарот има обука за читање на рентгенските снимки, за детектирање експлозиви и друго оружје, за методите што ги користат терористите за криење на оружјето и за справување со насилните патници.
Рано наутро, повеќе од дваесет кандидати вежбаа скенирање на луѓе и торби.
Кандидатите играа улога на патници кои носат деца или користат инвалидски колички и бараат да ги избегнат машините за скенирање или пак поставуваат други предизвици.
Инструкторите велат дека најтешко е толкувањето на рентгенските снимки.
Ова можби го објаснува слабиот успех во детектирањето предмети, според објавените извештаи, припадниците на агенцијата кои работат на аеродромите ширум државата на еден тест не забалежале 67 од 70 забранети предмети, што претставува неуспех од 96 отсто.
Новите кандидати имаат 20 часа теоретска обука за работа со машините за скенирање и се обучуваат да побараат мислење од одговорниот доколку нешто им изгледа сомително.
Некои закани се очигледни, како на пример пиштол во торба.
Некои пак се двосмислени, испреплетени жици кои можеби се дел од бомба или пак само дел од модерната технологија што ја користиме секојдневно.
Кандидатите мораат да ги положат писмените и практичните тестови пред да бидат ангажирани.
Бројот на одбиени кандидати е многу мал, само 1 отсто.
Инструкторката Илејн Вилсон Харисон вели дека тоа делумно се должи на тоа што кандидатите добиваат можност да се поправат доколку не успеат во некој дел од обуката.
Антони Роман, експерт за безбедност во авијацијата вели дека истражувањата како што е тоа со кое е забележан неуспех од 96 отсто, докажуваат дека обуката на Агенцијата за безбедност на транспортот не е доволно добра.
Тој вели дека создавањето на централна академија е добар прв чекор.
"Мислам дека девет дена не е доволно долг период, но нам ни требаат голем број припадници на Агенцијата за безбедност на транспортот и ни требаат веднаш", вели тој.
Роман вели дека веќе гледа знаци дека подолгата обука е исплатлива.
На академијата, новите кандидати учат за историјата на Агенцијата за безбедност на транспортот, нешто што ги прави посебни и придонесува кон тоа да не се откажат.
Работата на скенерите на аеродромите понекогаш е здодевна.
Сепак ветераните во агенцијата влеат дека вршат важна улога.
"Јас почнав хонорарно и успеав да стигнам повисоко", рече Вилсон Харисон кој почнал да работи на меѓународниот аеродром во Мемфис, а потоа се преместил на аеродромот во Мајами пред да стане инструктор во академијата.
"Некои од нив ова го користат како почетна точка пред да одат во други агенции, но најголем дел од кандидатите велат дека сакаат да останат во агеницијата."
Кристал Шампањ, 28-годишна девојка од Минеаполис која работела во агенцијата во 2013 година вели дека работата во агеницјата е поврзана со честа.
"Сите работиме заено за безбедноста на нашата држава", вели таа.
Портпаролот на Агенцијата за безбедност на транспортот вели дека полното работно време се плаќа од 25.000 до 30.000 долари годишно.
Сепак, најголем дел од вработените имаат скратеното работно време кое се плаќа од 15 до 22 долари на час.
Агентите мораат да имаат најмалку 18 години и да имаат диплома за завршено средно образование, како и да имаат работно искуство од една година во слична област како обезбедување на аеродром или толкување на рентгенски снимки.
Некои од новите вработени се во 50-тите години од својот живот.
Просечната возраст на новите агенти е 32 години, а 17 отсто од нив се ветерани.
На воздушната воена база Лекленд во Тексас, агентите на Агенцијата за безбедност на транспортот во новиот објект вреден 14 милиони долари тренираат кучиња кои можат да намирисаат експлозиви.
Форд Ринвалт ја држи Силвија, 2 годишното куче додека се движат низ опременото складиште.
Кога вртат на аголот, Силвија одеднаш застанува и се фокусира на големата кутија во која агентите како мамка скриле експлозиви .
"Нема шанси да го измамите кучето доколку е добро истренирано", вели Роберт Грауел, кој е одговорен за Риневалт и внимателно ги следи Силвија и Риневалт неколку чекори зад нив.
"Шверцерите на дрога имаат пробано сè, од мелено кафе до неколку словеи пластика, но сетилото за мирис на кучињата е навистина изострено", вели тој.
Кучињата овозможуваат проверката на патници да оди многу побрзо бидејќи патниците кои го поминале тестот на кучињата можат да продолжат и не мораат да ги соблекуваат чевлите, ремените и јакните или пак да ги вадат лаптопите од торбите.
Високите претставници на Агенцијата за безбедност на транспортот веруваат дека кучињата заедно со униформираните полицајци се застрашувачки.
А бидејќи кучињата овозможуваат патниците да ги поминуваат проверките многу побрзо, тоа значи дека нема да се создаваат долги редици на чекање што самите се цел на терористите.
Откако ќе ги обучат кучињата да наоѓаат екплозиви, нив ги спојуваат со тренер кој мора да знае како да го води кучето при истраги за да не испуштат некој дел, а мора да знае и како да го толкува однесувањето на кучето.
Обуката чини од 30.000 до 55.000 долари за куче, а експертите велат дека обуката мора постојано да биде во тек со промените во материјалите и методите што ги користат терористите.
Агенцијата за безбедност на транспортот има околу 230 кучиња кои можат да намирисаат сомнителни предмети на аеродромите и железничките станици, а околу 140 се тренирани и да детектираат сомнителни луѓе.
Нефенџер неодамна соопшти дека доколку има пари, на агеницјата би $ биле потребно околу 500 кучиња.


Текстот е прочитан 1343 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

58-ми ден протести за иднината на Македонија (Фотогалерија)
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter