Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

11.01.2017, 10:12

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е лоша историја

„Криминалната групација СДСМ, на чело со аболицираниот криминалец Зоран Заев, не престанува да ги потценува и понижува македонските граѓани правејќи секојдневни обиди за продолжување на сопствениот политички опстанок преку втурнување на државата во нова криза“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ испратено по Извршниот одбор на СДСМ.

„Криминалната групација СДСМ е единствена партија во Европа, која за Претседател има аболициран криминалец, за финансиски криминал тежок 8 милиони евра.
Граѓаните на Македонија, на изборите од 11-ти декември, јасно ја изразија својата волја и им кажаа едно големо НЕ, на политиките на уништување на македонската економија и држава, на коруптивните политичари и профитери од криминалната групација СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ го доби мандатот од граѓаните за да формира Влада и да ја преточи нивната волја во реални мерки и проекти, за нивен подобар живот.
Политичарите од криминалната групација СДСМ, наместо да ја научат лекцијата, наместо да ги залажуваат своите членовите со разни приказни, треба да ја прифатат реалноста дека за криминал се одговара. Не помагаат средби со никаков Столе од Италијанска амбасада. Македонскиот народ гласаше дека аболицираниот криминалец не смее веќе да бега од правдата, која мора да биде еднаква за сите. Тука веќе не помагаат неговите нарачани соопштенија по завршените партиски состаноци. Заев е историја. Лоша, црна историја.
Наместо патетичните соопштенија со кои Заев се уште мисли дека ги лаже членовите на својата партија дека не бил поразен на изборите, тие очекуваат одговор кога ќе го исполни ветувањето и ќе си ја даде оставката што ја вети“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ испратено по Извршниот одбор на СДСМ.


Текстот е прочитан 790 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

58-ми ден протести за иднината на Македонија (Фотогалерија)
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter