Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

29.12.2016, 13:59

НОВИТЕ ПРОЕКТИ НА ФАСБЕНДЕР, КОТИЈАР, МИРЕН, ВИНСЛЕТ, НАЈТЛИ И НА АЈРОНС ВО СКОПСКИТЕ КИНА

Играат филмови со холивудската елита

Во кината "Синеплекс" и "Милениум" играат четири нови филмови "Асасинс крид", "Скриена убавина" , "Матура" и "Патници".

"Асасинс крид" е една од најуспешните акциони игри на денешницата, а ова е првиот филм снимен по неа. Станува збор за акција - авантура - фантастика каде што Калум Линч (го игра Мајкл Фасбендер), открива дека е потомок на тајното друштво "Асасини", благодарејќи на револуционерната технологија, која ги отклучува неговите генетски сеќавања. Со нејзина помош, тој ги преживува авантурите на својот предок Агилар во Шпанија, во 15 век. Откако ќе се здобие со неверојатно знаење и моќ, Линч се враќа во денешно време, за да им се спротивстави на опасните и моќни витези темплари.
Режијата е на Џастин Курзел, а покрај Фасбендер, глумат и оскаровката Марион Котијар, Мајкл Кенет Вилјамс и Џереми Ајронс.



Во "Скриена убавина", филм на Дејвид Франкел, играат Вил Смит, Кејт Винслет, Хелен Мирен, Едвард Нортон и Кира Најтли.
"Кога еден извршен маркетинг директор (Смит) од Њујорк страда од голема трагедија, се повлекува од животот. Додека неговите пријатели очајно се обидуваат да воспостават контакт со него и да го вратат во живот, тој бара одговори од универзумот со пишувања писма на 'Љубов, време и смрт"", е дел содржината.
Во романтичната драма "Патници" играат Џенифер Лоренс и Крис Пат, а пак, "Матура", белгиско-француско-романската копродукција е филм на Кристијан Мунгиу, кој играше на годинашниот фестивал "Синедејс".
(Б. Н.)


Текстот е прочитан 826 пати.
#
Детско срце во тело на чудовиште
МКЦ доби "АПоТЕКА" за 45. роденден
Каде и како се школувале децата бегалци
МКЦ го слави 45. роденден
Музичарите со солзи и празен пулт го испратија маестро Ѓумар
Ана Пандевска е прва во две категории
Комеморацијата за маестро Ѓумар е в среда во 11 часот во МОБ
"Ничија земја" од Венеција стигна во Скопје
Наградени 13 композиции на вториот конкурсен рок за создавање класична музика
Почина актерскиот првенец Сефедин Нуредини

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Најзгодните светски ѕвезди во бикини за 2016
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Паштета со 'фстаци
Приготвување: во загреаниот путер малку пропржете ги ситно сечканите кроми...
Site Meter