Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

03.02.2017, 13:28

МАКЕДОНИЈА ВО ВТОРОТО ПОЛУФИНАЛЕ НА ЕВРОСОНГ НА 11 МАЈ

Јана Бурчевска ќе пее прва во Киев

Јана Бурчевска, македонската претставничка на Евросонг во Киев, ќе настапи прва во второто полуфинале.

Годинава, Изборот на песна на Евровизија ќе се одржува од 9 до 13 мај. Првото полуфинале е на 9 мај, второто на 11, а финалето - на 13 мај. Јана Бурчевска ќе пее во иста вечер со: Малта, Холандија, Србија, Данска, Русија, Романија, Унгарија, Австрија, Ирска, Швајцарија, Естонија, Израел, Бугарија, Сан Марино, Литванија, Хрватска, Норвешка и со Белорусија.
Вкупно 37 земји ќе учествуваат годинава на Евросонг во двете полуфиналиња, а големата петорка што ја сочинуваат Велика Британија, Шпанија, Италија, Германија, Франција и годинашниот домаќин Украина, ќе настапат директно во финалето на 13 мај.
Првото полуфинале, на 9 мај, ќе го отвори Црна Гора. По неа се: Финска, Грузија, Португалија, Белгија, Шведска, Албанија, Азербејџан, Австралија, Кипар, Словенија, Ерменија, Молдавија, Чешка, Латвија, Исланд, Грција и последен е претставникот на Полска.



МРТВ одлучи на Изборот на песна на Евровизија да ја испрати младата поп-пејачка Јана Бурчевска, која изјави за "Вест":
"Она што јас си го замислувам во главата и го мечтаам е некое диско, фанк, соул. Би сакала во Киев да пеам во дискоритам. Но, допрва следуваат состаноци и договори за песната, авторите и за целокупниот настап. Инаку, Евровизија следам од детството. И сега не ја пропуштам, со моето друштво, и затоа возбудата е уште поголема", ни рече Јана, која на македонската музичка сцена дебитираше на музичкото талент шоу "Македонски идол".
На "Македонски идол", Јана се пласираше на петтото место, а во 2011 година, во улога на амбасадор во кампањата на УНИЦЕФ, се вклучи во националниот проект, кампањата "Заедно за училишта без насилство". Во 2012 година, дебитираше на сцената на Скопскиот фестивал со композицијата "Би била твоја", за која го напиша текстот на музика на Валентино Скендеровски. И следната година таа настапи на Скопскиот фестивал, во дует со својот колега од "Идол", Мики Секуловски, со песната "Љубовна" од авторите Игор Атанасовски-Харе, Игор Џамбазов и Дамир Имери. Лани, на тој фестивал, настапи со песната "Јас и ти" на авторите Кристина Арнаудова и Бојан Трајковски. Со култната македонска група "Мизар", Јана го сними дуетот "Небо" .
МРТВ наскоро ќе ја информира јавноста за тоа кои ќе бидат евровизиската песна и авторскиот тим. Песната би требало да биде промовирана најдоцна до почетокот на март. (М.Џ.)


Текстот е прочитан 2296 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter