Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

26.01.2016, 09:56

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

„Слико Збор“, Андроид апликација за децата со аутизам

„Слико Збор“ е нова македонска Андроид апликација наменета за подобра комуникација на деца со аутизам и потешкотии во изразувањето. Апликацијата нуди неколку основни категории на опис на зборови за разговор и емоции, како и временски појави и облека и обувки.

Целта на апликацијата е да им ја олесни комуникацијата на децата со пречки во говорот (аутистичен спектар) во домод со најблиските и надвор во секојдневната комуникација со останатите. Бидејќи не можат лесно да се изразат преку зборувањето, апликацијата помага на тој начин што се дадени многу слики со секојдневни изрази и потреби. На тој начин детето со притискање на одредена слика (на пример „Сакам да јадам“), сликата произведува звук со дејството кое го бара детето (значи родителот слуша дека детето бара да јаде). На тој начин се и другите барања и потреби на детето дадени во апликацијата.


- Идејата за оваа апликација се роди сосема спонтано, еден колега на татко ми од работа има дете кое боледува од аутистичен спектар. Тој го прашал татко ми дали можам да изработам македонска апликација бидејќи таква нема, за да можат децата со такво и слично заболување да ја користат во комуникацијата со луѓето околу нив. Идејата ми се допадна и истата ја изработив во текот на училишниот распуст кој ми помина работно, но не жалам за тоа бидејќи трудот се исплатеше, а тоа се виде од реакцијата на родителите и децата и бројот на симнување на апликацијата „Слико збор“ - вели креаторот Даријан Шекеров, 13 години, осмоодделенец во ОУ 11-ти Октомври, одличен ученик со просек 5,00, кој одлично го владее англискиот и германскиот јазик и 7-8 програмски јазици.


Откако е ставена на Play Store симната е 8300 и се беше на прво место на Топ најнови. Тоа докажува дека апликацијата е добро примена и дека успешно ја погодила намената.

- Реакциите се одлични, има многу пофалби и многу барања за нејзино дополнување кое го направив и додадов уште една тема броеви Критиките на Фејсбук и на мејл се позитивни , бидејќи родителите кажуваат дека децата лесно се снаоѓаат со истата и дека се многу задоволни од неа. Со програмирање се занимавам од петто одделение. По завршувањето на курсевите во СЕМОС, на барање на наставничката по информатика бев повикан од страна на мојот сегашен ментор, проф. Борис Попов во просториите на Илумине, агенцијата за млади информатички таленти. Таму бев тестиран со решавање задачи кои ги решаваат средношколци и студенти. Истите успешно ги решив, така да мојот ментор го виде мојот талент и потенцијал и од тогаш сум студент на оваа агенција. Успехот и напредокот беше видлив лани, 2015 година, со освојувањето на наградите. Уште еднаш, сакам да искажам голема благодарност до мојот ментор, Борис Попов за несебичното вложување на време и труд во мојата обука и до ФИНКИ. Оваа 2016 година се надевам на повторно освојување на први места и учество и освојување на некој медал на олимпијадите - додава Шекеров.

Моите планови за во иднина, вели Шекеров, се по завршувањето на деветолетката да се запишам во некое средно стручно училиште по информатика, било да е тоа државно или приватно. Потоа, се разбира, на некој информатички факултет, ФИНКИ или друг и на крај вработување во некоја позната ИТ фирма.

- Неколку години по ред учествувам на натпреварите по информатика и математика и на истите освојувам редовно награди.2015 година, беше многу успешна за мене бидејќи освоив прво место на Регионалниот и на Државниот натпревар по информатика (МЕНДО), трето место во Романија на интернационалниот натпревар по програмскиот јазик SCRATCH за играта Smart Parrot и учество на Јуниорската Македонска Математичка Олимпијада и во македонскиот тим на Јуниорската Балканска Олимпијада по Информатика - вели авторот на апликацијата.

АПЛИКАЦИЈАТА МОЖЕТЕ ДА ЈА СИМНЕТЕ СО КЛИКАЊЕ ТУКА.


Текстот е прочитан 4917 пати.
#
ЕУРОСТАНДАРД БАНКА СО ПОДДРШКА ЗА ЛИЦАТА СО АУТИЗАМ, АДХД И АСПЕРГЕРОВ СИНДРОМ „ВО МОЈОТ СВЕТ“
Аутистичните деца се дискриминирани во училиштата
Повик за донација за обнова на објектот за децата со посебни потреби доделен на Здружението на родители на деца со аутизам „Марко Поло - Експлорер“ од Битола
Нашиот Марко ни го промени животот, карактерот...
Аутизмот го менува семејството
Аутизмот се појавува додека плодот е во утробата на мајката
Отворено за аутизмот - Зоран Мијалков - Голгота без крај

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Оскар
Пишува Лејла САБИТ - Сон на секоја жена....

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter