Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

02.01.2017, 09:02

СААТОТ КАКО СИМБОЛ НА МОЌ МЕЃУ АМЕРИКАНСКИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛИ

Кога часовникот мери пари

Часовниците дефинитивно нема да го променат светот, но некои од оние што ги носеле или ги носат часовниците за кои зборуваме, дефинитивно го промениле или ќе го променат светот.

Во новата ера, со доаѓањето на паметните телефони, часовникот како да исчезна од рачните зглобови на многу "обични" мажи.
Но, тоа не е случај и со моќните мажи.
Некогаш ставањето на часовникот беше секојдневен ритуал и часовникот се вадел од зглобот само пред спиење. Часовникот бил нужност, бидејќи без него не би знаеле колку е часот. Како што мобилните телефони и паметните уреди започнаа да го освојуваат светот така рачниот часовник денес за многумина изгледа како непотребен старомоден додаток, бидејќи е доволно само да се фрли поглед на елегантниот и тенок уред и да се види точното време на дигиталниот дисплеј.

Милениумски мажи

Но, милениумските мажи, припадниците на алфа-генерацијата, всушност, и воопшто не гледаат на рачниот часовник како на моден додаток, кој никогаш нема да излезе од мода.
Часовникот е единствениот моден додаток што им испраќа порака на другите за тоа кој сте вие, каков е вашиот стил и кој е вашиот статусен симбол, и од тоа како сте го вклопиле, каков стил имате.
"Часовникот мора да биде ваш заштитен знак, односно ваш личен потпис. Тоа е детаљ по кој треба да бидете препознатливи", коментираат експертите.

Симбол на моќ

Часовниците дефинитивно не го менуваат времето, но времето во кое живееме го менуваат токму овие моќници кои ги носат. Тие не се откажуваат од овој моден детаљ, кој во нивната арена претставува симбол на моќ.
Америка доби нов претседател. Медиумите не престануваат да пишуваат за тоа што сe поседува Доналд Трамп и колку вреди неговото богатство, а модните магазини, пак, се тркаат да откријат кој модел на часовник го краси неговиот рачен зглоб. Логично. На жените им судат за изгледот врз основа на нивниот избор на чанта и на чевли, додека на мажите - врз основа на изборот на часовникот.

Вашингтон, Линколн, Џеферсон...

Уште од 1789 година, секој американски претседател носел часовник. До појавата на рачните часовници, разбирливо, американските претседатели носеле џебни часовници, повеќето од нив, на синџирче. Особено биле на цена не златните или оние со скапоцености на нив туку гравираните, особено оние со специјална посвета на задниот дел од металната кутија на часовникот.
Голем дел од тие часовници се или во музеите или во легалните приватни колекции на американските милионери и милијардери, бидејќи добар дел од нив беа дадени на продажба со наддавање на аукциите на реномираните американски аукциски куќи.
Така, Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон и Абрахам Линколн биле големи љубители на накит со потписот на Тифани енд Ко и, секако, сите носеле џебни часовници бидејќи тие биле карактеристични за тоа време.

Буш, Клинтон, Обама...

Последните неколкумина претседатели на САД имале многу префинет вкус кога се работи за рачните часовници, коментираат познавачите.
Така, Џорџ Буш носел "тајмекс изи рајдер", Бил Клинтон на инаугурацијата носел "тајмекс ајронмен", а подоцна и "шинола ранвел 47".
Претседателот Обама е љубител на моделот "ТАГ ауер 1500 ту-тоун дајвер", кој го носел во текот на кампањата во 2008 година. Во последно време, пак, постојано го носи моделот "6500 јорг греј стил хронограф". Во неколку пригоди, на неговата рака беше забележан и смарт часовникот "фитбит сурџ" - ултрамодерен фитнес часовник.
Форд, Рузвелт, Ајзенхауер и Кенеди биле обожаватели на компанијата "Свис Хамилтон", иако Ајзенхауер носел "таг ауер хронограф" со челично куќиште или "ролекс".

"Засекогаш со љубов, Мерилин"

Во историјата ќе остане запаметен и златниот "ролекс" кој му го подарила легендарната Мерилин Монро на Кенеди - со гравирана посвета: "Засекогаш со љубов, Мерилин". Познат е и часовникот "омега", кој на Кенеди му го подарил неговиот партиски другар Грант Стокдеил.
Постои податок дека во својата колекција Хари Труман, исто така, имал златен "ТАГ ауер хронограф", иако не постојат фотографии, ниту каква било евиденција точно за кој модел се работело.
Труман, исто така, поседувал "мовадо ст. кристофер коин воч", кој во 2014 година бил продаден на аукција.

Со потпис на Трамп

Доналд Трамп е првиот претседател и светски лидер кој креирал часовник под своето име. Часовниците што го носат називот "трамп сигничар", се лансирани во 2005 година, а дизајнот на овие часовници е еден вид мешавина од многу популарни, луксузни часовници.
Во ексклузивното пакување со овие часовници се добива и сертификат каде што пишува "времето е пари".
"Многу е важно каков часовник носите. Мојата колекција е дизајнирана да ги мери парите", изјавил Доналд Трамп во една пригода.



Текстот е прочитан 771 пати.
#
Село со 14 милијарди долари годишен приход
Учителка завела 13-годишен ученик и забременила од него
Осуммина поседуваат половина од светското богатство
Блогерка стана милионерка на Јутјуб
Мајка, татко и син родени на ист датум
Како Фејсбук ги изеде весниците
Иванка платила 5.5 милиони долари за куќа во соседството на Обама
Додека ловел крадци, верверичка му ги јадела чоколадите
„Ескорт“ девојки и момчиња нов хит на Инстаграм (фото)
Британските хипстери направија бум на цените на недвижностите

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
10-те најпопуларни хотели на Инстаграм!
Социјалната мрежа Инстаграм ја објави листата на 10-те најпопуларни хотели...
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Плескавици од блитва
Приготвување: исчистената блитва ставете ја во вриена вода и варете ја око...
Site Meter